05 Декември, 2025
0.0807

„Паркобраните“ против урбанизација на Водно

Објавено во: Македонија 24 Јануари, 2014 12:59

Добивај вести на Viber

Против нови гради и уништување на зеленилото на Водно протестираа граѓанските активисти од иницијативата „Паркобрани“, кои се собраа претпладнево пред Општина Кисела Вода. Советот на општината денеска расправа за изработка на урбанистички план за населеното место Припор, во скратена постапка, а во него се предвидува и дополнителна урбанизација на Водно. „Власта немилосрдно продолжува со масовното уништување на зеленилото во Скопје. Лудилото продолжува, овој пат со уништувањето на белите дробови на Кисела Вода. Во програмата за урбано планирање што градоначалничката Билјана Беличанец - Алексиќ им ја предлага на советниците, се предвидува парк-шумата Водно која е во рамките на општината Кисела Вода да се урбанизира без претходно спроведена дебата и без мислењето на граѓаните. Сакаме да предупредиме дека со оваа урбанизација власта наместо да работи во служба на граѓаните, работи исклучиво за своите теснопартиски интереси “, вели Александар Гочев, претставник на иницијативата. Граѓанските активисти побараа точката да се симне од дневен ред, а од опозицијата да ја напушти седницата на Советот. Граѓанската иницијатива „Паркобрани“ се појави минатата година, за одбрана на паркот пред хотелот „Бристол“. Дел од активистите на оваа иницијатива тогаш беа уапсени, а деновиве добиле и решенија за парични казни од 50 евра за нарушување на јавниот ред и мир.  

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Горан Агелов-Ќосето е на слобода

Горан Агелов-Ќосето е на слобода

БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите

БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“