19 Декември, 2025
0.0395

Парламентот во Атина ги усвои предлозите за реформи на Ципрас

Објавено во: Балкан 11 Јули, 2015 09:50

Добивај вести на Viber

Грчкиот премиер Алексис Ципрас освои една битка во борбата против заканувачкиот банкрот на земјата.

Со јасно мнозинство во ноќта на петок спроти сабота пратениците во грчкиот парламент му дадоа мандат на Ципрас да преговара со доверителите за новите реформи во замена за нова спасувачка помош.

Општи 251 од 300 пратеници гласаа со Да, 32 - со Не, а осум беа воздржани, а меѓу нив имаше и членови на владејачката партија Сириза, пренесе агенцијата ДПА. Девет пратеници пак беа отсутни од седницата.

Повеќето опозициски партии претходно соопштија дека ќе го поддржат Ципрас и новиот министер за финансии Евклидис Цакалотос во нивните напори да постигнат договор со меѓународните партнери на балканска држава.

Во парламентот во Атина доцна премиерот Ципрас упорно инсистираше да биде овластен за склучување на договор со доверителите.

"Решивме да му парираме на можниот Grexit", рече тој.

"Нема да го жртвуваме договорот поради крајните конзервативни кругови. Тие се обидуваат да се ослободат од левата влада. Сакаме да го спречиме политичкиот Grexit под економски изговори ", истакна Ципрас.

"Се обидувам да ги гарантирам правата на нашиот народ и да ги заштитам националните интереси. Го направив она што беше можно во услови на закана. Се наоѓаме во опасна зона, во минско поле, а јас не можам да сокријам тоа ", објасни премиерот на Грција. Ципрас призна дека владата погрешила при преговорите со меѓународните кредитори, но и дека водела "жестоки битки со нееднакви сили".

Програмата за штедење вредна 12 милијарди евра е тешка и не е во согласност со предизборните ветувања на неговата партија, призна Ципрас. Но според неговите зборови Атина нема друг избор освен да ја прифати. Во последните шест месеци тој "направил се што е возможно", за да ја изведе земјата од кризата без дополнителни мерки на штедење од кризата.

Истовремено, грчкиот премиер изрази уверување дека неговата земја ќе може да се врати убедливо на светските финансиски пазари за три години. "Траењето на програмата за период од три години е доволна за да ни веруваат повторно пазарите", изјави Ципрас и додаде дека подготвувале договор ќе биде европски проект, а учеството на ММФ ќе биде само техничко.

"Тоа е избор на висока национална одговорност, имаме национален долг да го зачуваме народот жив, ... ќе успееме не само да останеме во Европа, но и да живееме како рамноправни членови со достоинство и гордост", изјави пред парламентот во Атина Ципрас.

Претходно добро информирани извори од Брисел изјавија дека институциите (Меѓународниот монетарен фонд, Европската централна банка и Европската комисија) оценуваат позитивно врачената листа со реформи од Ципрас . Во попладневните часови во саботата - денес се собира Еврогрупата, за да одлучи дали предлозите се доволни за да може да се преговара за нов спасувачки пакет во рамките на Европскиот стабилизационен механизам.

Лице од кругот на Еврогрупата тврди дека "е 100% сигурно" дека ќе биде донесена одлука за преговори. Тема на разговорите ќе биде и мостово финансирање кое ќе е наменето за периодот во кој спасоносниот пакет сеуште не е изгласан конечно.

Се разгледувал спасувачки пакет со волумен од околу 74 милијарди евра, во кој е вклучен и ММФ. По ќор-сокакот кој траеше со месеци  Грција претстави во текот на неделата пакет од штедење и реформи, кој вклучува меѓу другото и реформа на ДДВ. До 2022 година, пак, возраста за пензионирање ќе се зголеми до 67 години.

Можеби ќе ве интересира

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен