ПАРНОТО ПОЕВТИНУВА: од следниот месец сметките за затоплување ќе се намалат
Објавено во: Економија 29 Јули, 2024
Парното кое го плаќаат Скопјани за загревање на нивните домови од први август ќе биде поевтино. Сепак, дали цената на парно греењето ќе се намали значајно, или сосема малку, зависи од државата, поточно од тоа дали ќе продолжи државното субвенционирање или не.
- Доколку продолжат субвенциите, за околу 60.000 корисници, намалувањето ќе биде 17 отсто, а доколку прекине субвенционирањето тогаш граѓаните ќе плаќаат за 3,16 отсто пониски сметки за парно.
Пониски сметки ќе има и за корисници на топлинска енергија на топланата Скопје Север и за корисниците на ЕСМ Енергетика - соопшти претседателот на Регулаторна комисија за енергетика, Марко Бислимоски.
Притоа истакна дека цените на природниот гас на пазарот се намалени и стабилизирани и дека смета оти нема потреба државата и понатаму да субвенционира дел од сумата пресметана во фактурите на граѓаните.
- Цената на парното греење за домаќинствата во Скопје од 1 август се намалува за 3,16 отсто за корисниците на ЕСМ, за 1,71 отсто за корисниците на топланата Скопје Север и за 0,5 отсто за корисниците на ЕСМ Енергетика. За деловните корисници, односно околу 1.200 фирми, училиштата и институции кои се приклучени на централното градско греење, поевтинува за 17,3 отсто кај оние приклучени на ЕСМ, за 17,22 кај Скопје Север и за околу 40 отсто кај ЕСМ Енергетика - објасни Бислимоски.
Како што посочи претседателот на РКЕ, од новите пресметки на цената за испорака на топлинска енергија не биле задоволни трите компании на ЕСМ, како и ЕСМ Енергетика, а дел од нив најавиле дека одлуките на Регулаторна ќе ги обжалат на Управен суд.
Бислимовски рече дека очекува конечно ЕСМ да го постави цевководот под мостот „Беласица“, кој беше опожарен пред повеќе од една година што ќе овозможи што повеќе топлинска енергија да се испорачува од „Те-То“, која е за 30 отсто поевтина отколку цената на топланите.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.