19 Декември, 2025
0.0407

Партиите кои имаат мнозинство денес го активираат планот Б

Објавено во: Македонија 17 Март, 2017 08:16

Добивај вести на Viber

Најверојатно е дека иницијативата да продолжи конститутивната седница на Собранието која беше прекината кога се верификуваа мандатите на пратениците, ќе биде поднесена утрово.

Дел од медиумите веќе повикувајќи се на партиски извори пишуваат дека партиите кои имаат  парламентарното мнозинство - СДСМ, ДУИ, Беса и Алијансата на Албанците утрово ќе ја достават иницијативата за продолжување на конститутивната седница на Собранието до претседавачот на првата седница Трајко Вељаноски

Рокови од кога Вељаноски треба да ја закаже седницата нема, но доколку Вељаноски се обиде да тактизира со закажувањето, не е исклучена можноста да се свика седницата и од најстариот пратеник во пратеник, во случајот Бранко Манојловски од ДУИ.

По правило седницата треба да се свика кога за тоа „ќе се создадат услови“.

Што се однесува до прашањето кој ќе биде идниот претседател на Собранието, како што пренесе ТВ 24 од СДСМ велат дека договор за претседател се уште нема, а дека амбиција да седнат на претседателското столче имаат и од кај нив, и од Беса, а според нив имаат два предлога и од ДУИ , од кои најсериозниот кандидат е Талат Џафери.

Да напоменеме и дека од владеачката партија рекоа дека нема да ја блокираат работата на Собранието но не ја исклучуваат можноста и од нивната пратеничка група да стигне предлог.

Како ќе се одвива ситуацијата останува да видиме денеска и во деновите што следуваат бидејќи на „гости“ доаѓа и еврокомесарот Јоханес Хан.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки