ПАРТИИТЕ СЕ РАСФРЛААТ СО ПАРИ: Колку потрошиле досега за изборната кампања?
Објавено во: Македонија 02 Декември, 2016 13:06
ДИК ги објави извештаите со колку пари располагаат партиите за време на изборната кампања и откаде им се соберени.
Како што може да се забележи од извештаите, владеачката партија за 10 дена потрошила шест пати повеќе пари во кампањата од пријавените приходи.
ВМРО-ДПМНЕ има далеку поголеми трошоци од од приходите што ги пријавила.
Партијата на Груевски пријавила вкупни приходи од 7.431.579 денари, додека вкупните расходи ѝ се шестпати поголеми и изнесуваат вкупно 43.961.384 денари (речиси седумстотини илјади евра) односно владејчката партија има непокриени расходи од вкупно 36.626.805 денари.
Партијата на власт најмногу пари потрошила за реклами и за пропаганда – 28.381.279 денари, за транспортни услуги – 3.382.500 денари, за сметководствени услуги – 30.750 денари, за услуги за копирање, печатење и за издавање предизборни материјали – 7.219.759 денари, за изнајмување простор и опрема – 3.043.576 денари и за други услуги – 1.903.520 денари.
Опозицијата пак, според објавениот извештај потрошила помалку пари од тие што ги собрала. Партијата на Заев пријавила расходи од 309. 000 евра или 19.683.894 денари.
Сите пари од донации, односно 9.581.017 денари, според СДСМ, отишле за реклама и за пропаганда, додека од приходите од членарина опозициската партија потрошила вкупно 10.102.877 денари. Од нив најмногу биле потрошени за реклама и за пропаганда – 8.195.252 денари, за изнајмување простор и опрема – 1.712.475 денари, за провизија за платниот промет – 10.763 денари, за судски и правни услуги – 600 денари и 1.180 денари за други услуги.
Според финансискиот извештај, ДУИ како расходи пријавила скоро 87.000 евра, додека ДПА пријавила вкупно расходи од 7.000 евра.
Левица пријавила расход од 81 илјади и 354 денари.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




