31 Август, 2024
0.0257

ПАРТИЈАТА НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО СРБИЈА: Силјановска Давкова да го отповика Фрчкоски затоа што не ја консултирал за Резолуцијата за Сребреница

Објавено во: Македонија 30 Мај, 2024

Добивај вести на Viber

Партијата на Македонците во Србија бара отповикување на амбасадорот во ООН, Љубомир Фрчкоски откако Македонија гласаше за Резолуцијата за геноцидот во Сребреница. 

Србија е разочарана од ваквото гласање, а тоа го потврди и српскиот претседател Александар Вучиќ. 

Од партијата велат дека барањето го упатиле имајќи ја предвид изјавата на претседателката Гордана Силјановска Давкова дека таа не била консултирана во врска со гласањето за резолуцијата за Сребреница од страна на македонскиот амбасадор во ООН.

„Како најголема организација на Македонци во дијаспората, која е судски регистрирана во Србија со 21 градски одбор и со 4.850 членови, бараме веднаш да се отповика амбасадорот во ООН, бидејќи гласал без консултации со претседателката на државата, загрозувајќи ги државните и национални интереси. Бараме да му се одземе агреманот што го дава претседателот на државата и да се отповика од местото амбасадор во ООН“, наведува Партијата на Македонците во Србија.

Во барањето се наведува дека наскоро се очекува гласање во Советот на Европа и се укажува Собранието на Македонија да разгледа и испита кој и како ќе гласа, со цел, како што се нагласува, да не се спроведувааат лични ставови кои не се ги одразуваат и не се во согласност со ставот на македонското Собрание. 

Српскиот претседател Александар Вучиќ освен од Македонија, се разочарал и од Бугарија за гласањето во ОН за Резолуцијата за Сребреница. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски нема да го исполни барањето на Арсовска, а приватните превозници најавија редуциран превоз

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски нема да го исполни барањето на Арсовска, а приватните превозници најавија редуциран превоз

ЈАНЕВСКА: Протестите најавени за утре ги организира СДСМ кој остави буџетска дупка

ЈАНЕВСКА: Протестите најавени за утре ги организира СДСМ кој остави буџетска дупка

СЕ СКАРАЛЕ ВО ДВОРОТ НА ЏАМИЈАТА: Притвор доби тетовчанецот кој со нож го повреди соселанецот во Стримница

СЕ СКАРАЛЕ ВО ДВОРОТ НА ЏАМИЈАТА: Притвор доби тетовчанецот кој со нож го повреди соселанецот во Стримница

ТАТКОТО ПРИЈАВИЛ ВО ПОЛИЦИЈА: Исчезна малолетничка

ТАТКОТО ПРИЈАВИЛ ВО ПОЛИЦИЈА: Исчезна малолетничка

УШТЕ ЕДНА РЕАКЦИЈА ОД ГРАД СКОПЈЕ: МОН да ја одобри исплатата на вработените во училиштата под надлежност на Град Скoпје

УШТЕ ЕДНА РЕАКЦИЈА ОД ГРАД СКОПЈЕ: МОН да ја одобри исплатата на вработените во училиштата под надлежност на Град Скoпје

AЛЕКСАНДАР ПАНДОВ: Неопходни се инвестиции во македонскиот затворски систем

AЛЕКСАНДАР ПАНДОВ: Неопходни се инвестиции во македонскиот затворски систем

ГРАД СКОПЈЕ: Наместо конструктивност, од Владата одлучија да се служат со селски итроштини

ГРАД СКОПЈЕ: Наместо конструктивност, од Владата одлучија да се служат со селски итроштини

МИЦКОСКИ НЕМА ДА ГО ИСПОЛНИ БАРАЊЕТО НА АРСОВСКА: Нема да набави 250 автобуси

МИЦКОСКИ НЕМА ДА ГО ИСПОЛНИ БАРАЊЕТО НА АРСОВСКА: Нема да набави 250 автобуси

НЕДЕЛКОВ СЕ ОГРАДИ: Нема да учествуваме на партиски организирани протести

НЕДЕЛКОВ СЕ ОГРАДИ: Нема да учествуваме на партиски организирани протести