Партиско знаме на градинка - дали се работи за обид за оцрнување?
Објавено во: Македонија 25 Октомври, 2016
Наместо државното знаме, вчера над детската градинка „8 Март” во Скопје се вееше партиското знаме на ВМРО-ДПМНЕ, објави А1он.
Родителите од детската градинка се револтирани, затоа што децата од мали им се трујат со партиски симболи. Тие потенцираа дека Денот на македонската револуционерна борба е државен празник и не смее партиски да се присвојува.
Од градинката „8 март“ денеска испратија соопштение за знамето на ВМРО-ДПМНЕ кое вчера беше сликано поставено на нивниот објект. „Во нашето долгогодишно работење сме покажале и докажале дека дословно ги почитуваме сите закони, вклучително и законите за истакнување знамиња на празници, односно неистакнување на знамиња со партиски одбележја. Оттука сметаме дека вчерашниот настан е монтиран случај со кој се сака да се оцрни успешното работење на градинката и градоначалникот на општината“ - се вели во реакцијата. Тие го осудуваат овој настан и велат дека се работи за политички сценарија.