Пастрмката на Дебарско Езеро може да се лови
Објавено во: Агробизнис 03 Април, 2013 09:57
Заврши забраната за лов на пастрмка на Дебарско Езеро што беше воведена на први ноеври лани и требаше да трае до 31 јануари оваа година.
Поради продолжениот мрест на пасртмката, по препорака на Министертото за земјоделство шумарство и водостопанство, забраната беше продолжена уште два месеца.
Во изминатите пет месеци забраната за лов на пастрмка важеше како за рекреативен така и за стопански риболов, што подразбира дека не смееше да лови ни концесионерот „Охридска пастрмка“ од Струга, ниту да порибува без специјална дозвола за тоа.
Според претставниците на Подрачната единицата на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во Дебар, сега во езерото може да се лови секој вид на риба, со дозвола на концесионерот во согласност со законските одредби.
Додека траеше забраната, концесионерот, видно ги зајакна контролите врз езерото. Поради нивната постојана присутност на теренот, рибокрадците, речиси ги нема.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





