Патарините за камиони и автобуси да се укинат, бара АМЕРИТ

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 18 Март, 2020 14:43
Поради загубите што се предизвикани од
кризата со коронавирусот, Асоцијацијата Македонија сообраќај, АМЕРИТ бара
укинување на патарините за превозниците во автобускиот и товарниот сообраќај.
Оттаму велат дека уште во текот на минатата недела бројот на патници е намален за 70 проценти, а автобуските линии се редуцирани за 52 процента.
„Бараме итно Владата да донесе мерка барем за укинување на патарините, бидејќи нашите превозници оперираат секој ден со намален број патници и колку е можно да ги намалиме загубите што ги трпат, изјави денска Лефтер Андонов, директор на Македонија сообраќај АМЕРИТ.
Андонов апелираше возачите во товарниот транспорт да ги почитуваат препораките за мини карантин при транизитирање, додавајќи дека потврди за возачите кои транзитират издава Македонија сообраќај Америт во соработка со Државниот санитарен и здравствен инспекторат.
– Ги повикувам возачите да го почитуваат тој мини карантин максимално, бидејќи се работи за нивна и безбедност на сите граѓани, рече Андонов.
Владата денеска објави сет мерки за помош на стопанството со кои, меѓу останатото, се предвидува субвенции од 50 проценти на придонесите на плата во најпогодените сектори, туризмот, угостителството и транспортот.
Можеби ќе ве интересира
ПОЧНА ГУЖВАТА НА БОГОРОДИЦА: Помала колона возила чека да влезе во Грција

ОБВИНИТЕЛСТВО: Ниту еден обвинител не се повлекол поради политички притисоци од истрагата за Кочани

Полицаецот од Кочани кој се сметаше дека е во бегство, утринава се пријавил сам

Алкалоид, Скопска Пивара и Макпетрол најпосакувани работодавачи на Годината!

ВАПСАНИ ЈАЈЦА И ОБРОЦИ ЗА СОЦИЈАЛНО ЗАГРОЗЕНИТЕ ГРАЃАНИ - се вклучи и сопругата на премиерот, Рози Мицкоска

ДУИ ПРАШУВА: Дали е вистина дека еден обвинител се повлекол од истрагата, и зошто само Крешник Бектеши останува во притвор?

ВМРО-ДПМНЕ бара извинување: Уставните измени како единствен услов испаднаа лаги
