19 Мај, 2024
0.0261

Патник од превртениот бугарски автобус раскажува: Господ не спаси!

Објавено во: Балкан 03 Февруари, 2016

Добивај вести на Viber

Патувајќи кон Софија, откако имавме проблем со првиот автобус, дојде втор автобус, кој  требаше да не преземе. Непосредно пред границата, автобусот излета од патот и се преврте во долината. Едно дрво беше нашиот спасител и Господ ни спаси. Некои од колегите се со потешки повреди, но генерално сите се добро, раскажал еден од патниците во сообраќајката во која  бугарски автобус излета кај Крива Паланка.

Петмина од повредените се со потешки повреди. Тие се со фрактури на екстремитетите и ребрата. За среќа нема опасност за животот на ниту еден од патниците. Инцидентот се случил на прав пат, кога возачот Љубомир Лазаров изгубил контрола над автобусот. Патниците раскажале дека возилото се превртело на 30 километри од границата со Бугарија околу 30 минути пред полноќ.

Првиот автобус на групата се расипал, чекале втор

Превозникот што го организирал патувањето на семинар во Охрид, кое заврши со несреќа, е "Географски свет", сведочела пред бугарски медиуми Мерцедес Цанева, професорка во Националната финансиско-стопанска гимназија, која се здобила со скршени ребра по инцидентот.

Таа раскажала дека на 4 километри од Скопје автобусот се расипал. Групата чекала 7 часа да дојде друг автобус од Ќустендил, кој  е испратен од фирмата "Албена автотранс". Токму вториот автобус се превртел. Од конзулатот извршиле целосна помош,а полиција чува багажот на луѓето, раскажала уште г-ѓа Цанева.

Немало технички дефект

"Јас не сум во Бугарија. Разбрав за инцидентот од амбасадорот во Македонија, кој ми рече дека се случил инцидент со мој автобус. Уште синоќа испративме автобус кој ќе ги прибере нашите сонародници во Бугарија. Сите бугарски служби во Македонија ни покажаа голема помош ". Тоа го потврди и сопственикот на фирмата-превозник Кирил Илчев пред медиумите. Тој категорично ја отфрли можноста несреќата да се случила поради техничка неисправност на возилото. Илчев разговарал со возачот на автобусот, но тој му рекол дека ништо не се сеќава и не знае што се случило. На местото на инцидентот има полиција и инспектори.

Можеби ќе ве интересира

ВУЧИЌ ЗА АМАНДМАНИТЕ КОИ ГИ ПОДНЕСЕ ЦРНА ГОРА НА РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА: Тоа е валкана игра и перфиден трик

ВУЧИЌ ЗА АМАНДМАНИТЕ КОИ ГИ ПОДНЕСЕ ЦРНА ГОРА НА РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА: Тоа е валкана игра и перфиден трик

КРАДЕЛ НА ПЕЛОПОНЕЗ: Уапсен е македонски државјанин со „богато“ криминално досие

КРАДЕЛ НА ПЕЛОПОНЕЗ: Уапсен е македонски државјанин со „богато“ криминално досие

ГЕРАПЕТРИТИС: Граѓаните на Северна Македонија не би сакале да ги стават во опасност односите со Грција

ГЕРАПЕТРИТИС: Граѓаните на Северна Македонија не би сакале да ги стават во опасност односите со Грција

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ПОЛИЦИЈАТА ЗАПЛЕНИ СЕКИРА И НОЖ: Четиринаесетгодишно девојче од Црна Гора планирало терористички напад во Грац

ПОЛИЦИЈАТА ЗАПЛЕНИ СЕКИРА И НОЖ: Четиринаесетгодишно девојче од Црна Гора планирало терористички напад во Грац

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс