Патот до успехот
Објавено во: Мои пари 27 Јуни, 2013 09:33
Секој сака да биде успешен. Но, делува дека ова е многу полесно да се каже отколку да се направи. Немањето јасни цели и фокус кон работите кои сакаме да ги реализираме се главен проблем на остварување на идеите.
Вистински успешните луѓе, не оставаат ништо на случајот. Работите се однапред разјаснети и дефинирани. Подоле ќе се обидеме да Ви дадеме неколку насоки кои ќе Ви помогнат да работите на Вашиот успех. Материјалното не треба да биде најбитно
Секој работи за пари. Но, тие сами по себе не може да бидат цел. Обидете се да поставите организација која ќе биде трајна, силна и која органски ќе расте. Во тој период живејте во некоја нормала и не се опуштајте премногу. За градење на успех е потребно време и многу залагање и ништо не доаѓа преку ноќ. Не си поставувајте премногу високи цели, тоа може да Ви донесе високо разочарување.
Собирајте знаење
Постојано учете. Успехот доаѓа побрзо ако активно учите и фаќате чекор со времето. Немојте да застанете и кога работите ќе тргнат. Како што ќе се качувате по скалата на успехот така ќе се отвараат повеќе можности. Треба да бидете спремни да ги искористите.
Поставете си линии
Мора да работите по правила. Имајте чиста мисла и идеја каде сакате да завршите. Како што кажавме идејата не треба да биде пари или возило. Размислувајте нематеријално. Фокусирајте се на тоа да ја растете фирмата, да бидете ликвидни, да инвестирате. Без да знаете ќе дојдете до ситуација кога ќе сфатите дека сте станале успешен.
Фокус
Без непотребно трошење на времето. Распоредете го правилно времето кое ви стои на располагање и правилно искористете го. Дефинирајте ги начините на комуницирање со луѓето и не трошете време на глупави работи кои само ве исцрпуваат. Правилниот менаџмент на времето е една од клучните работи за успехот.
Редакција Фактор
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот
Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“
Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“
ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ
Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?
Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели
Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни
АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј





