16 Декември, 2025
0.3876

ПATOT НА СВИЛАТА МИНУВА НИЗ НЕГОТИНО: Девојката која одгледува свилени буби ги храни со листови од црници, а конецот може да биде долг до 2.000 метри

Објавено во: Македонија 06 Март, 2023 07:16

Добивај вести на Viber

Кристина Тодорова од Неготино веќе неколку години одгледува свилени буби. Оваа млада девојка објаснува дека тие се хранат со листови од црници, а нивниот конец може да биде долг до 2.000 метри. Таа е апсолвент на Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје. Тодорова вели дека има повеќе фактори кои се важни за правилно одгледување на свилените буби.

„Најважна обврска е обезбедувањето на хигиенски услови во одгледувањето, потребно е чиста соба, кутиите да се дезинфицираат, бидејќи се многу осетливи на болести. Оптималната температура за нормален раст на свилените буби е помеѓу 20°C и 25°C. Температурата над 30°C директно влијае на здравјето на ларвата. Секојдневно треба да се хранат со свежи листови од црница. Ларвата после интензивно хранење за еден месец прави свиленкава кокона и таа ја преде 2-3 дена. Во централниот дел конецот е изграден од белковината фиброин, а надворешно од белковина серицин. Серицинот е растворлив во вода“, објаснува Тодорова.

Вели дека свилените буби сега се во фаза на хибернација, бидејќи чекаме да дојде пролетта, а со тоа ќе се развие црницата.

„Возрасната ларва коконата ја преде 2-3 дена. Но, јас не ја користам за производство на свила бидејќи тоа е многу долг процес и потребни се машини за нејзино сновење. Целта ми е да постигнам производство на храна од инсекти за домашни животни. Во фаза на возрасна ларва, го прекинувам овој процес и ги користам за храна за домашни животни. Свилената буба ја одгледуваме и размножуваме само за едукативни цели на учениците и студентите, за да не изумре овој дргагоцен инсект кој со децении наназад се одгледувал по селата во големи количини. Јас ги одгледувам во просторија во специјални кутии каде што секојдневно им додавам свежи листови од црница. Ние сме единствени во Македонија кои го одгледуваат овој инсект, кој бил голема вековна тајна на Кинезите и биле лидери во производството на свила. Интересен е нивниот развој, посебно метаморфозата“, вели Тодорова.

Производството на свила започнува многу порано пред 3.000 години пред нашата ера во Кина. Поради голема вредност на свилената ткаенина, Кинезите под закана за смртна казна строго ја чувале тајната на производството на свилата. Во Европа тајната за производство на свилата била донесена од страна на монаси на византискиот император Јустинијан I, од македонската династија. Кожурците и семките од црница биле пренесени во бастун. Од VI век во Македонија се развива свиларство и долго време преставува значајна извозна гранка. Во шеесетите години на минатиот век, тоа е прекинато со појавата на синтетичка свила, а денес постојат поединечни обиди за обнова на свиларството во Македонија. Гевгелија и Вардарскиот регионот се спомнува како најголем производител на свилена буба на Балканот до почетокот на Балканските војни, бизнис во кој биле вклучени сите членови на семејствата постари од 10 години. Во филатурата имало 60 работници, претежно жени, кои годишно преработувале околу 18.000 килограми најдобар свилен конец. Сите овие податоци се дел од Зборник на трудови од научна-стручна трибина одржана на 20 април 2012 година во Дојран.

„Како агроном со инсектите постојано работам, бидејќи се најголеми непријатели на земјоделските култури. Но, за да се справиш со нив треба добро да ги познаваш. Поддршка во мојата работа ми даваат моите родители кои се биолошки инженери, кои ми дозволија да одгледувам повеќе видови на инсекти. Покрај производството на храна од инсекти, последните две години работам на одгледувањето на паразитоидни оси кои ќе ги користам за биолошко уништување на штетните инсекти муви (rod Musca) на фарма и имам добиено проект, финансиски подржан од Ирска за прототипирање на производ“, вели Тодорова. 

Во минатото свилата била многу ценета и многу македонски семејства имале свилени буби.

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

СДСМ избра нови потпретседатели

СДСМ избра нови потпретседатели

Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план

Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план

МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците

МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците

Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет

Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет

ФОТО: Надградба наѕира на кровот на МНР

ФОТО: Надградба наѕира на кровот на МНР

Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето

Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето

Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?

Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

СДСМ претстави антикорупциска платформа „МИЦКО“

СДСМ претстави антикорупциска платформа „МИЦКО“