18 Јануари, 2025
0.0299

Павлопулос повторно со радикални изјави кон Македонија

Објавено во: Македонија, Балкан 26 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Солун е буден чувар на грчкиот карактер на Македонија, изјави денеска грчкиот претседател Прокопис Павлопулос, објави Телма

Тој присуствуваше на свечената литургија во Солун, по повод годишнината од ослободувањето на градот и празникот Св. Димитрија. Тој по 3 пат во рок од  една седмица  испрати порака со која алудира дека Македонија е грчка. 

„Денот на одбележувањето на светиот спомен на заштитник на Солун, Св. Димитрија е и годишнина од значајниот тек на Солун, од една страна во историјата на грчкиот народ и православието. А од друга страна, како арка и буден чувар на грчкиот карактер на Македонија, кој не може да се оспори и за кој не се преговара“ - изјави Павлопулос. 

Тој минатата недела два пати изјави дека Македонија е грчка и испрати радикална порака до македонската влада дека со  фалсификување на грчката историја, Македонија нема да  стане дел од Европската Унија. 

Претходно на неговите изјави реагираше шефот на македонската дипломатија, Никола Попоски. 

„За воопшто да се говори за почитување на европското право од грчка страна, за почеток е добро да се удостои пресудата од Меѓународниот суд на правдата од 2011 година. Без тоа, секое споменување на правото е себе-демантирање“- рече Попоски. 

Аналитичарите сметаат дека ваквите изјави можат да ги вложат односите меѓу двете земји. 


Можеби ќе ве интересира

ДЗСИ НЕ УТВРДИ НЕДОСТАТОЦИ ВО ЛЕКУВАЊЕТО НА ДЕВЕТГОДИШНОТО ДЕТЕ: Состојбата му се влошувала и покрај сите интервенции

ДЗСИ НЕ УТВРДИ НЕДОСТАТОЦИ ВО ЛЕКУВАЊЕТО НА ДЕВЕТГОДИШНОТО ДЕТЕ: Состојбата му се влошувала и покрај сите интервенции

„НЕЛИ ИМАТЕ СИГУРНО МНОЗИНСТВО? ТЕРАЈТЕ, ЗАЕДНО СО ПАТНИТЕ ТРОШОЦИ“: Ванковска распали за пратениците на „Знам“

„НЕЛИ ИМАТЕ СИГУРНО МНОЗИНСТВО? ТЕРАЈТЕ, ЗАЕДНО СО ПАТНИТЕ ТРОШОЦИ“: Ванковска распали за пратениците на „Знам“

„СДСМ НЕПОТРЕБНО ГО ПРЕИМЕНУВА АВТОПАТОТ АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ ВО ПРИЈАТЕЛСТВО“: Груевски кажа зошто ги именувал автопатите така како што ги именувал

„СДСМ НЕПОТРЕБНО ГО ПРЕИМЕНУВА АВТОПАТОТ АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ ВО ПРИЈАТЕЛСТВО“: Груевски кажа зошто ги именувал автопатите така како што ги именувал

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Трагедија ја потресе Македонија, бебиња близнаци починаа поради премрзнување

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Трагедија ја потресе Македонија, бебиња близнаци починаа поради премрзнување

САРАЕВО ВО 10-ТЕ НАЈЗАГАДЕНИ ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ: На која позиција е Скопје вечерва?

САРАЕВО ВО 10-ТЕ НАЈЗАГАДЕНИ ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ: На која позиција е Скопје вечерва?

РОКАС: Северна Македонија треба да го искористи моментумот на посветеност на проширувањето на EУ

РОКАС: Северна Македонија треба да го искористи моментумот на посветеност на проширувањето на EУ

МАКЕДОНСКА ЗЕЛКА Е УНИШТЕНА ВО ХРВАТСКА: Откриен е опасен пестицид

МАКЕДОНСКА ЗЕЛКА Е УНИШТЕНА ВО ХРВАТСКА: Откриен е опасен пестицид

МУЦУНСКИ МУ ЧЕСТИТАШЕ НА БУГАРСКИОТ КОЛЕГА: Mожно ли е затоплување на односите?

МУЦУНСКИ МУ ЧЕСТИТАШЕ НА БУГАРСКИОТ КОЛЕГА: Mожно ли е затоплување на односите?

МОМЧЕТО КОЕ ДОЖИВЕА СТРУЕН УДАР Е ВО БОЛНИЦА: Каква е неговата состојба?

МОМЧЕТО КОЕ ДОЖИВЕА СТРУЕН УДАР Е ВО БОЛНИЦА: Каква е неговата состојба?