19 Декември, 2025
0.0683

PayPal ја запре услугата во Грција

Објавено во: Балкан 03 Јули, 2015 11:19

Добивај вести на Viber

Листата со проблеми на Грција се повеќе се зголемува, и Грците веќе не можат да уживаат во своите сметки во PayPal, пренесе Quartz.

Лимитите за влечење од банкомати кои владата ги наложи, додека се обидува да ја реши ситуацијата со доверителите, веќе се одразуваат и на онлајн услугите за плаќање кои се потпираат на традиционалните банки и кредитните картички, за да вршат готовински трансакции.

Според портпаролот на PayPal "поради новите одлуки на грчките власти за контрола на капиталот финансирањето на портфолиото на Paypal од грчки банкарски сметки, како и прекуграничните трансакции со пари од картичка или банкарски сметки во моментов се недостапни. Нашата цел е да продолжиме да им служиме на најпочитуваните од нас грчките клиенти со кои работиме повеќе од една деценија, со полн капацитет ".

Економската криза во Грција очигледно не е показател за глобалниот финансиски систем. Но, фактот дека бизнисот на Paypal наоѓа причина да престане услугата, нагласува колку компанијата, како и многу други финансиски технолошки бизниси се потпираат на традиционалните институции, за да го водат својот бизнис. Вистината е дека во јадрото на секоја финансиска група која цели да ја отстрани старата гарда од бизнисот, всушност стои по една старомодна банка, коментира Quartz.

Во почетокот на неделата ниско буџетниот авиопревозник Ryanair пак објави дека грчките клиенти ќе можат да плаќаат во кеш за билетите поради наметнатата капитална контрола. Ирската авиокомпанија, која оперира на 11 аеродроми во Грција, изјави дека очекува "високи стапки на пад" на користењето на кредитни и дебитни картички.

"Ryanair сега нуди можност Грците, кои сакаат да патуваат, да ги закупат авио билетите во готово на билетните бироа на компанијата, лоцирани на аеродромите", објави тогаш превозникот.

Можеби ќе ве интересира

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен