05 Декември, 2025
0.1029

Пазарџиите од Бит Пазар излегоа на штрајк, бараат решенија наместо празни ветувања

Објавено во: Економија 13 Декември, 2012 14:03

Добивај вести на Viber

Денеска тезгите на Бит Пазар останаа празни. Околу 200 пазарџии од 11 до 13 часот ја блокираа клучката кај Бит пазар и со предупредувачки протест побараа решавање на нивните проблеми, кои како што велат, се таложат со години. Како главни причини за штрајкот ги наведуваат непочитувањето на рокот од општина Чаир да се изгради затворен пазар, понатамошното работење на дивите пазарџии и нерегулираните односи со „Скопски пазар“. Како што изјави Екрем Делек, претседател на комората на трговци во Македонија, биле принудени на ваков чекор бидејќи пропаднале сите обиди за решавање на овие прашања со институционални разговори. „ Веќе пет години ни се ветува од општината заедно СП маркет дека ќе се направи затворен пазар и колку толку да се подобрат условите за работа. Апелираме до Чаир да се зафати сериозно со оваа работа, оти луѓето имаат проблем. Замислете денеска на овие температури под нулата да работите надвор, на тезга каде што е ладно, подобро е овде да стоиме на 15 степени отколку на тезга, ги преудпредуваме да преземат мерки“, вели Делек. Пазарџиите прво го блокираа сообраќајот на клучката кај Бит пазар, а оттаму се упатија кон Судската палата. „Ние имаме најголем проблем со дивите продавчи, ни се се си плаќаме давачки кон државата, а они си работат на диво. Условите ни се лоши. Нас давачките ни се зголемуваат, а услови за работа немаме. Требаше да се гради пазарот, а ништо нема. Се збори дека повторно ќе ни се зголемуваат кириите за 10отсто, може да стигнат и до 5500.Од заработката само за Скопски пазар останува, ние немаме никаков ќар“, изјави еден од пазарџиите кои излегоа денеска на протестот. Од протестот Екрем Делек упати апел и до Скопски пазар, да седат на задничка маса и конечно да ги решат проблемите. „Со дивите пазарџии ние губиме 70 отсто од нашиот бизнис, трошоците се големи, има различни цено во цела држава. За Скопје пазарите ги стопанисува скопски пазар, цените на Бит пазар се од 3700 до 4500 , на Зелен 5400, во Ѓорче и Тафталиџе 5400. Но, нас и 3000 ни е многу оти има криза“ вели Делек. Пазарџиите велат дека им е преку глава од закани и притисоци, па затоа ако не се најде решение за нивните барања, ќе ги радикализираат протестите, а на помош ќе ги викнат и пазарџиите од цела земја. Засега не даваат конкретни рокови, но се надеваат дека предупредувачкиот штрајк ќе има ефект, бидејќи досегашните разговори биле загубено време. Ј.Ј.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката