ПАЗАРЕЊЕ ВО ГРЦИЈА И ВО СЕДУМ ДРУГИ ЗЕМЈИ ОД ЕУ: Еве ја споредбата на кошничките
Објавено во: Економија 21 Октомври, 2025 17:18
Вообичаената кошница во грчките супермаркети и понатаму поевтина споредбено со седум други земји од Европската Унија(ЕУ).
Цените на вообичаената кошничка за домаќинства во грчките супермаркети и понатаму се пониски во споредба со Франција, Англија, Италија, Шпанија, Португалија, Германија и Романија, додека Грција бележи најголема даночна оптовареност од ДДВ меѓу седумте анализирани земји, покажуваат резултатите од истражувањето на грчкиот Институт за истражување на малопродажба на стоки за широка потрошувачка (ИЕЛКА), јави дописничката на МИА од Атина.
Во истражувањето биле споредени цените во супермаркетите во Грција во септември 2025 година и соодветно во останатите седум земји, а споредбата е направена со и без вредноста на ДДВ, што е различно во секоја земја.
Просечната цена на кошница со производи во супермаркет во Грција е 140,20 евра со ДДВ (121,33 евра без ДДВ), додека во Португалија е 141,02 евра (126,1 без ДДВ), во Велика Британија 154,55 евра (147,50 евра), во Шпанија 157,38 евра (143,20 евра без ДДВ), во Италија 160,86 евра со ДДВ (147,49), Романија 161,61 (141,60 евра без ДДВ), во Франција е 182,59 (167,46 без ДДВ), а најскапа е во Германија 186,16 евра со ДДВ и 169,35 без ДДВ.Биле анализирани цените на вкупно 40 категории производи со примерок од над 6.000 цени на производи и 44 различни синџири на супермаркети во вкупно осум земји за да се пресметаат просечните цени.
foto freepik.com
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата
РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија
ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје
КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала
АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“
Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември
Oва се земји каде трошоците растат, а квалитетот на живот е загрозен
Хрватска е поскапа од Тоскана и Прованса, туристите се шокирани од цените
Димитриеска-Кочоска: Нема задолжување надвор од предвидените за годинава





