ПАЗАРЕТЕ ВО НАЈБЛИСКИТЕ ПРОДАВНИЦИ - еве што советува Агенцијата за храна
Објавено во: Економија, Корона Вирус 20 Март, 2020 15:22
Агенцијата за храна и ветеринарство со серија совети до граѓаните како да се однесуваат кога пазарат намирници што им се потребни.
Еве што кажува Агенцијата.
Пазарете во најблиските продавници, бидејќи со тоа го ограничувате и
скратувате времето на движење надвор од домот.
Задржете се што пократко во продавницата, со тоа што ќе направете
список дома за вашите потребни намирници и
така ќе го скратите времето на престој во продавниците за храна.
Доколку е возможно обезбедете маска и ракавици и користете ги за време
на пазарењето.
Кога избирате храна во вакви услови, најдобро е да изберете прехранбени
производи кои вообичаено ги купувате, така што не морате детално и целосно да
ги читате иформациите од етикетите, бидејќи тие етикиети од претходно ви се познати.
Задолжително направете визуелен преглед на амбалажата или производот,
односно проверете дали амбалажата е оштетена и проверете ги органолептичките својства.
Задолжително проверете го
датумот на производсво, односно рокот на траење.
По завршување на пазарењето и излегувањето од продавница, дезинфицирајте ги рацете со препорачано средство за дезинфекција.
Користените ракавици за еднократна употребапо напуштањето на продавницата фрлете ги во канта за отпадоци.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје
КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала
АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“
Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември
Oва се земји каде трошоците растат, а квалитетот на живот е загрозен
Хрватска е поскапа од Тоскана и Прованса, туристите се шокирани од цените
Димитриеска-Кочоска: Нема задолжување надвор од предвидените за годинава
Германија ја зголемува минималната плата од 1 јануари, компаниите најавуваат зголемување на цените и отпуштања





