25 Ноември, 2024
0.0266

Пазарни Трендови 2024: Финансиска анализа и предвидувања од Портфолио менаџерите на ВФП Фонд Менаџмент

Објавено во: Економија 26 Март, 2024

Добивај вести на Viber

Изминатата 2023-та година беше одбележана со позитивни приноси кај сите класи на инвестициски средства пред се предводени од големиот раст на пазарите на капитал во последните месеци од годината. И покрај избувнувањето на војната на Блискиот Исток, очекувањата за намалување на каматните стапки од страна на централните банки во услови на намалување на глобалниот инфлациски притисок  доведе до значително зголемување на цените на акциите и обврзниците, со двоцифрен принос во неколку класи на инвестициски средства. Инфлацијата во повеќето земји од светот беше намалена за повеќе од половина, а истовремено рестриктивната монeтaрна политика на централните банки не доведе до намалување на економската активност и рецесија. Дури 9 од 11 сектори на глобаниот пазар на акции забележаа позитивни приноси во 2023та, предводени од: ИТ секторот (47%), Телекомуникации (34%) и циклична потрошувачка (26%).

Надежите за softlandingна инфлацијата стануваат се пореални

Инфлацијата драстично забавува низ целиот свет, зголемувајќи ги шансите за “soft landing” оваа година. Сепак, додека цените на основните стоки се стабилизираат во многу региони, цените на основните услуги остануваат високи, а пазарите на труд се сè уште на највисоко ниво. Очекувањата за инфлацијата за оваа година е дека ќе се стабилизира на 3%, што е на драстично пониско ниво од пикот минатата година, но сепак над она долгорочно посакувано ниво од 2%. Разликата помеѓу инфлацијата на основните стоки и основните услуги дополнително се прошири во последните месеци. Цените на основните стоки се во застој, како одраз на поширокиот дефлациски импулс од слабата производствена активност и падот на извозните цени во Кина. Од друга страна, инфлацијата на основните услуги останува релативно висока и е прилично слична низ регионите, како одраз на ниската невработеност. Можеби ќе биде потребно позабележително зголемување на невработеноста на пазарите на трудот за значително да се намали инфлацијата на основните услуги, која што во моментов е  една од главните теми на централните банки ширум светот. Според проекциите, инфлацијата во 2024 во САД и ЕУ се очекува да биде 2.5% и 2.6% последователно, додека според проекциите на НБРСМ, инфлацијата во Македонија во 2024 се очекува да се движи од 3.5% до 4%, а во 2025 веќе да се врати на посакуваното ниво од 2%.

Дали е време за намалување на каматните стапки?

Откако Федералните резерви агресивно ги зголемија каматните стапки во 2022 и 2023 година за да ја ограничат инфлацијата, финансиските пазари во моментов предвидуваат значително намалување на стапките за 2024 година.На последниот состанок во Јануари, ФЕД одлучи да ги остави каматните стапки на ниво од 5.25% до 5.55% што е највисоко во последните 22 години.  Иако стапките веројатно го достигнаа својот врв, очекуваме ФЕД да биде внимателен со времето и темпото за да спречи предвремено намалување што би можело повторно да ја разгори инфлацијата. Очекувањата се дека намалувањето на каматните стапки ќе биде проследено и од ЕЦБ и Централната банка на Велика Британија но, со мало задоцнување за разлика од ФЕД. ЕЦБ на последниот состанок исто така одлучи каматните стапки да останат непроменети и во моментов изнесуваат 4.75%. Во Република Македонија, каматните стапки на благајничките записи во моментов се 6.30%, а намалување е исто така очекувано во втората половина од 2024та година, доколку проекциите на НБРСМ околу намалување на инфлацијата бидат исполнети. Дополнителна причина за претпазливост на ФЕД е фактот дека невработеноста во САД е на историско ниско ниво од само 3.7%. Од последните информации за месец Јануари, Американската економија има додадено нови 353,000 вработувања, значајно повеќе од предвидувањата на аналитичарите за раст на вработувањето од 185.000. Декември и Јануари се првите последователни месеци каде што вработеноста во САД пораснала за над 300.000, што е прв пат после Јуни и Јули 2022.   

Извор:tradingeconomics.com

 Револуцијата на вештачката интелигенција е побрза од очекувањата.

Се повеќе и повеќе сме свесни дека човештвото е на работ на технолошка револуција која би можела да ја забрза продуктивноста, да го поттикне глобалниот раст и да ги зголеми приходите ширум светот. Брзиот напредок на вештачката интелигенција го воодушеви светот, но истовремено предизвика тревога и покрена важни прашања за нејзиното потенцијално влијание врз глобалната економија. Нето ефектот е тешко да се предвиди, бидејќи вештачката интелигенција ќе се бранува низ економиите на многу различни и сложени начини. Она што можеме да го кажеме со одредена доверба е дека владите и компаниите ќе треба да смислат сет на политики за безбедно да го искористат огромниот потенцијал на вештачката интелигенција во корист на човештвото. Сепак, стравувањата за замена на работните места од страна на вештачката интелигенција и продлабочување на нееднаквоста во светот се се поактулени во јавноста. Глобалните приходи поврзани со софтвер, хардвер, услугите и продажбата на вештачката интелигенција се очекува да растат за 19% годишно, достигнувајќи 900 милијарди долари до 2026 година, во споредба со 318 милијарди долари во 2020 година. Според некои проценки, вештачката интелигенција ќе придонесе повеќе од 15 трилиони долари во глобалната економија до 2030. Се по интензивное финансирањето и инвестирањето во развој на вештачка интелигенција од страна на  корпоративни и индивидуални инвеститори.

Финансиските резултати на компаниите искачуваат нови врвови

Цените на уделите на глобално диверзификуваните акциски фондови ВФП Премиум Акции и ВФП Дивиденда Акции, под управување на ВФП Фонд Менаџмент, поткрепени од силните основни економски фундаменти на акциите, се искачија на највисоко историско ниво во почетокот на годината. Во четвртиот квартал, најголемиот дел од глобалните компании објавија втор последователен квартал со раст на заработката во однос на претходната година. Компаниите од технолошкиот сектор забележаа раст на добивките во четвртиот квартал, предводени од растот на акциите поврзани со вештачката интелигенција. Производителот на чипови за вештачка интелигенција Nvidia (NVDA) објави неверојатен раст на приходите од 265% во четвртиот квартал, што ја зголеми цената на акциите за повеќе од 75% од почеток на годината. MetaPlatforms, последниот квартал исто така го заврши со одличен раст од 24% за истиот квартал минатата година, и дополнително за прв пат најави исплата на дивиденда. Во здравствениот сектор данската компанија NovoNordiskзабележа раст од 36% на приходите споредено со минатата година и дополнително го потврди своето лидерство на пазарот на лекови за дијабетис и обезност.Засега, аналитичарите очекуваат дека растот на приходите на компаниите од светските индекси ќе продолжи да се забрзува во првата половина на 2024 година. Сепак, важно е да се напомене дека секогаш при инвестирање во акциски портфолија постојат ризици од економско забавување и пад на цените на акциите, поради што препораките секогаш се во насока на долгорочно континуирано вложување.

Во 2024 година, како природен составен дел од економијата и инвестирањето, инвеститорите ќе продолжат да се соочуваат со неизвесност. Претстојните избори во САД, геополитичките тензии во Европа, Азија и Блискиот Исток, прашањата околу глобалната економија и нејзиниот раст се теми кои останува да следиме како ќе продолжат да се развиваат.  Интересен факт е дека всушност од почетокот на милениумот, глобалната берза има остварено позитивни приноси во 16 од последните 24 години. Во овој период, и покрај четирите мечкини пазари, односно кризни периоди, инвеститорите кои останале дисциплинирани и инвестирани биле наградени со позитивни добивки. Остануваме убедени дека најефикасниот начин за исполнување на сопствените животни финансиски цели е да имате зацртан инвестициски план кој доследно ќе го следите во добри и лоши времиња. Препорачуваме инвеститорите да останат широко диверзифицирани и соодветно инвестирани согласно сопствените потреби. Инвестирањето е долгорочен процес кој сметаме дека вродува со најдобри резултати при редовно континуирано инвестирање, без притоа обидувајќи се да се остварат краткорочни заработки преку погодување на дното или врвот на економијата. 

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ВОЗАЧИ, ЕВЕ ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ КОГА УТРЕ ЌЕ ОДИТЕ НА БЕНЗИНСКА - Регулаторна со нови цени на горивата

ВОЗАЧИ, ЕВЕ ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ КОГА УТРЕ ЌЕ ОДИТЕ НА БЕНЗИНСКА - Регулаторна со нови цени на горивата

Еве ги најголемите економски патриоти! Кои се најголемите македонски извозници меѓу котираните компании?

Еве ги најголемите економски патриоти! Кои се најголемите македонски извозници меѓу котираните компании?

МИЦКОСКИ КАЖА КОГА КОНЕЧНО ЌЕ СЕ ДЕФИНИРААТ УСЛОВИТЕ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Еве што најави

МИЦКОСКИ КАЖА КОГА КОНЕЧНО ЌЕ СЕ ДЕФИНИРААТ УСЛОВИТЕ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Еве што најави

ВО СРЕДА ЌЕ ИМА ЈАВНА БЕРЗАНСКА АУКЦИЈА ЗА 9,83 ОТСТО - кој ќе искешира 7,34 милиони евра за акции на „Македонијатурист“

ВО СРЕДА ЌЕ ИМА ЈАВНА БЕРЗАНСКА АУКЦИЈА ЗА 9,83 ОТСТО - кој ќе искешира 7,34 милиони евра за акции на „Македонијатурист“

ШТО Е ТОА ШТО ГИ РАЗЛИКУВА „ТЕМУ“, „АЛИЕКСПРЕС“ И „ШЕЈН“: Голема трка за новиот кинески император

ШТО Е ТОА ШТО ГИ РАЗЛИКУВА „ТЕМУ“, „АЛИЕКСПРЕС“ И „ШЕЈН“: Голема трка за новиот кинески император

БАНКРОТ НА ЕВРОПСКИОТ ГИГАНТ ЗА БАТЕРТИИ: Директорот поднесе оставка откако се тргна надолу

БАНКРОТ НА ЕВРОПСКИОТ ГИГАНТ ЗА БАТЕРТИИ: Директорот поднесе оставка откако се тргна надолу

Должник на МЕПСО од Косово пред суспензија од пазарот за електрична енергија

Должник на МЕПСО од Косово пред суспензија од пазарот за електрична енергија

ОВА Е НАЈОМРАЗЕНИОТ ЧОВЕК НА ВОЛСТРИТ: Трамп го номинираше за министер за трговија

ОВА Е НАЈОМРАЗЕНИОТ ЧОВЕК НА ВОЛСТРИТ: Трамп го номинираше за министер за трговија

Соработката со „Бехтел ЕНКА“ продолжува со презентации во Прилеп и во Битола за тендерските процеси и за зајакнување на учеството во локалниот синџир на снабдување

Соработката со „Бехтел ЕНКА“ продолжува со презентации во Прилеп и во Битола за тендерските процеси и за зајакнување на учеството во локалниот синџир на снабдување