Пчеларите бараат повеќе субвенции и брендирање на македонскиот мед
Објавено во: Агробизнис 21 Септември, 2016 17:56
Пчеларската федералција на Македонија бара поголема државна поддршка и нова развојна стратегија која на секторот ќе му даде дополнителна шанса за успех. Тие бараат поголеми државни субвенции за производство на мед и медни производи, како и брендирање на македонскиот мед со што ќе имаат поголема шанса и за промоција и секако пласман на меѓународниот пазар бидејќи квалитетот го поседуваат.
- Скоро добивме информација дека во Штипскиот Регион се увезени речиси 40 тони мед, кои ја намалиле цената на 190 денари. Кај нас во големопродажба цената е над 250 денари за килограми, а бидејќи ова е слаба година останавме на заштитена цена од 350 денари - рече денеска на прес-конференција Јане Марков, претседател на Пчеларската федерација на Македонија.

Токму лошите временски услови доведоа до намалени приноси на мед и производството е со загуби, па мора да добијат поголема заштита и да се зголеми извозот, посочуваат од федерацијата која застапува интереси на околу 8000 пчелари.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





