29 Април, 2024
0.0255

Пчелите немаат храна!

Објавено во: Агробизнис 22 Јули, 2013

Добивај вести на Viber

Според Менде Трајковски, претседател на регионалниот пчеларски сојуз „Виа Игнација“ со седиште во Битола, пчелните семејства во овој период од годината имаат недоволно произведено количество мед, што е резултат на неповолнте климатски услови.

„Во овој период од годината во куќиштето (сандакот) на едно пчелно семејство треба да има најмалку по 15 килограми мед кои им се потребни на пчелите за да преживеат, но за жал во некои пчеларници има само по 2 до 3 килограми мед. Контактираме и со колегите пчелари од другите делови на државата и за жал состојбата е неповолна, некаде алармантна а некаде средно поволна. Пчелите немаат храна, нема доволно произведен мед кој најнапред е неопходен за опстанок на пчелите, а дури потоа за преземање од страна на пчеларот и користење на медот за разни намени“, посочи Трајковски.

Теренските анализи на пелагониските пчелари покажуваат дека потребни се дополнителни мерки за заштита и подобрување на кондицијата на пчелните семејства и прихрана.

„Летото врви, а ќе дојде и зимата најтешкиот период за пчелите. Видливо е намалувањето на бројот на пчелни семејства и затоа овој проблем ќе го подигнеме на повисоко ниво вклучувајќи ја науката бидејќи за важноста на пчелите и растителните свет постојано треба да се зборува. За состојбите со пчеларството, искуствата и размена на знаења имавме и на неодамнешната средба во Романија со тамошните пчелари кои веќе применуваат и професионални методи за заштита и дополнителна исхрана на пчелите“, истакна Трајковски.

Од регионалниот пчеларски сојуз „Виа Игнација“ со седиште во Битола информираат дека врз пчелните семејства посебно штетно влијаат хемиските препарати за заштита на одредени растенија, и затоа ја поздравуваат одлуката на Европската Комисија за две годишна забрана за користење на пестицидите кои ги уништуваат пчелите и пчелните семејства.

Можеби ќе ве интересира

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?