05 Декември, 2025
0.0671

Печалбарите ќе си дојдат летово, се очекува наплив на свадби

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 16 Јуни, 2021 06:57

Добивај вести на Viber

Откако мерките се олабавeни, а свадбите дозволени, се очекува дека ова лето печалбарите ќе си дојдат во земјава и ќе има поголем број на свадби, нешто што лани го немаше.

Угостителите во западна Македонија се оптимисти и едвај чекаат сѐ да се врати во нормала. Најважно за нив е да се дозволат свадби во затворен простор.  Велат дека луѓето веќе се јавуваат, прашуваат за организирање на веселби.

„Очекуваме состојбата да се среди и од 1 јули веќе да имаме гости. Се враќаат гастарбајтерите од Италија, Швајцарија, Германија, Австрија, а свадби може да се организираат секој ден“, велат од ресторанот „Деде Бег“ од Гостивар.

Угостителите во соседниот град, Тетово објаснуваат дека многу од младите ги одложиле свадбите за период кога пандемијата ќе стивне, и сметаат дека ова лето ќе има доста работа.

„Нема да биде како пред пандемијата, кај луѓето ќе има страв и тоа е нормално, но има младенци кои ги одложија свадбите токму поради вирусот и сега ќе се решат за прослава. Би требало да биде ударно од 15 јули до 30 август“, додаваат од ресторан во околината на Тетово.

Насер Хавзија од Здружението кулинарија ХоРеКа вели дека ако пред месец дена имаше јасни критериуми под кои услови може да има свадби, сега ќе беше полесно и за нив и за граѓаните.

„Луѓето се јавуваат, прашуваат, а ние чекаме да видиме какви насоки ќе даде Владата. Ова лето очекуваме да има 50 отсто од бројот на свадби кои ги имало претходно, но не повеќе од тоа, затоа што луѓето се плашат, се чувствуваат несигурни, едноставно пандемијата промени сѐ. Печалбари доаѓаат од секаде, но најголем дел се од Швајцарија. Очекувам дека месец дена, односно во јули ќе има работа. Но,  има и луѓе кои свадбите ги одложија за 2022 година“, рече Хавзија.

Во источниот дел постои мала скептичност по ова прашање. Велат дека многу е неизвесно за да се даде прогноза како ќе поминат ова лето и дали ќе имаат веселби.

„Интересот засега е слаб. За нас не е проблем, ние за 3 дена ќе ја организираме свадбата, но на оние кои прават свадба им треба повеќе време да се подготват. Пред пандемијата во летото имаше свадби, печалбарите се враќаа претежно од Италија, а лани немаше свадби поради пандемијата“, објаснуваат од Хотел „Македонија“ во Делчево.

Месецов во матично има наплив на барања за венчавки. Дневно стигнувале и до 30 барања за склучување на брак.

Владата вчера донесе заклучок да се дозволи одржување на настани на отворено со 50 отсто од капацитетот на просторот каде што ќе се одржува настанот и ограничен број на посетители до максимум 1.000 посетители.

Сања Атанасовска

foto freepik

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите