Пехчево има само 1, а Берово 2 активни случаи на коронавирус
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 26 Мај, 2021
Пехчево е град со само 1 активен случај на коронавирусот, а во Берово има 2.
Валандово, Богданци и Македонски Брод имаат по 3 активни случаи. Дебар има 5, а Крива Паланка 6 случаи. Во Пробиштип има 8, а во Македонска Каменица 12 активни. Кратово има 15, а Демир Хисар 17 активни случаи на ковид. Во Крушево бројот на активни падна на 21. Дојран и Демир Капија немаат заразени.
Досега во земјата се направени вкупно 782.654 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.117, бројката на оздравени пациенти е 147.190, на починати е 5.356, а бројот на активни случаи изнесува 2.571. Денес има 46 нови случаи и 14 починати.