Пекабеско донираше млеко и сувомесни производи во пунктот за бездомници
Објавено во: Мои пари 13 Јануари, 2017 12:27
Пекабеско со донирање на пакети производи се приклучи на големиот број на хумани граѓани, волонтери и компании кои секојдневно ги згрижуваат бездомниците, особено во овој период заштитувајќи ги од студените температури и поларната зима која ја зафати Република Македонија.
Во координација со Црвениот Крст на Град Скопје, пакетите за храна во рамките на општествено одговорната акција „Секој твој лајк помага“ беа наменети и донирани во Пунктот за бездомници на Црвениот Крст во Момин Поток.
„Благодарни сме на огромниот број потрошувачи на кои првиот избор им се производите на Пекабеско. Со тоа овозможуваат континуирано да бележиме раст на компанијата и постојано да инвестираме во заедницата преку вакви и слични активности. Голема благодарност и до Црвениот Крст на Град Скопје со кои во континуитет остваруваме успешна соработка базирана на принципите на хуманост и солидарност кон ранливите групи во Македонија“, велат од Пекабеско.
Акцијата, која компанијата ја спроведува заедно со Facebook заедницата е наречена „Секој твој лајк помага“, а Пекабеско за секој нов лајк на страната на Facebook одвојува по 3 денари наменети за пакети за храна за социјално загрозени семејства. Претходно, во рамките на оваа акција беа донирани 57 пакети со храна наменети за социјално загрозени семејства.
Можеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете




