07 Октомври, 2024
0.0569

Пекинг продолжува да се надева на економски раст од 7%

Објавено во: Економија 27 Мај, 2015

Добивај вести на Viber

Кина очекува бруто домашниот производ на земјата оваа година да порасне за 7%, што ќе биде најслабиот раст за втората по големина економија .

Последните економски податоци неодамна покажаа скромен раст за кинеските стандарди и го поставуваат прашањето дали растот може да биде дури и помал. Ова се следи со тензија и на финансиските пазари.

Премиерот на земјата Ли спомена за очекувања раст од седум проценти во понеделникот за време на својата посета на Чиле. Тој додаде дека економските податоци во април и мај покажаа дека кинеската економија повторно стекнува на интензитет. Во март Ли изјави дека Кина тешко ќе биде во можност да ја постигне својата цел раст на БДП од 7%. Во краен случај, сепак преку конкретни чекори властите може да направат така растот да не се забави премногу.

Во 2014 година, економскиот раст во земја се намали до 7,4%. Тоа беше најслабото зголемување од 24 години. Потоа се намножија и знаците за натамошно забавување на економијата. На пример инвестициите во машини, згради, земјиште и други основни средства се зголемија од јануари до април со само 12% - најслабиот раст за речиси 15 години. Индустриското производство се зголеми во април за 5,9% на годишна база.

Неодамна и централната банка на земјата ги намали по трет пат во последните шест месеци основните камати во обид да ја поттикне економијата, која страда од пад на домашна побарувачка, како и слабеење на извозот.

Кинескиот премиер и претседателот на Чиле, Мишел Бачелет потпишаа меѓувреме договор за валутната размена во обид да ги продлабочат економските врски преку стимулирање на трговијата и инвестициите. Договорот за валутната размена меѓу централните банки на двете земји предвидува во наредните три години да бидат разменети до 2,2 трилиони пезоси (околу 3,6 милијарди долари).

Кина сепак останува втор по големина трговски партнер на регионот и главен трговски партнер за земји како Чиле. Кон Кина се насочени околу 24 проценти од чилеанскиот извоз, кој вклучува обоени метали бакар, лосос и вино.

Двете страни склучија и голем број на договори во областа на финансиите, културата и науката. Од 1 јули пак туристичките визи за патување меѓу Кина и Чиле ќе бидат бесплатни, што има за цел да го стимулира туризмот и инвестициите.

Можеби ќе ве интересира

ГЕРМАНСКИТЕ КОМПАНИИ ОЧЕКУВААТ СО ВЕШТАШКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ДА ЈА ЗГОЛЕМАТ ПРОДУКТИВНОСТА: Еве во кои сектори најмногу ќе ја користат

ГЕРМАНСКИТЕ КОМПАНИИ ОЧЕКУВААТ СО ВЕШТАШКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ДА ЈА ЗГОЛЕМАТ ПРОДУКТИВНОСТА: Еве во кои сектори најмногу ќе ја користат

БОГАТИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА GOLDEN VISA: Три европски земји имаат најатрактивни програми

БОГАТИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА GOLDEN VISA: Три европски земји имаат најатрактивни програми

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип