05 Декември, 2025
0.0707

Пелагонија под вода, Министерот ќе чисти канали во битолско

Објавено во: Агробизнис 11 Април, 2013 19:49

Добивај вести на Viber

Речиси 3 000 хектари обработлива земјоделска површина сe поплавени во Пелагонија. Според министерот за земјоделство Љупчо Димовски кој денеска ги посети поплавените подрачја и увиде дека станува збор за една од најголемите поплави во овој реон. „Стручни лица кои ќе извршат проценка на оштетувањата врв житните култури. Ќе и предложиме на Владата соодветно обештетување на земјоделците. Станува збор за вондредни временски прилики„ - изјави Димовски. Тој посочи дека само на седми април наврнале над 60 литри дожд на метар квадратен што е  огромна вода за Пелагонискиот регион. Според податоците од УХМР протокот на вода во реката Црна се искачил од 79,50 на  173 метри кубни во секунда, а поројните дождови довеле до  прелевање на реката и попуштањето на Десеттиот канал. Поплавени се главно есенските посеви со жито. Сега земјоделците се надеваат на обештетувања од државата бидејќи посевите не се осигурени. Димовски најави дека на лето детално ќе се чисти каналската мрежа во Битолско, како и коритото на Црна Река неисчистено 30 години. Но, ќе следуваат и казни за несовесните земјоделци кои ги затнуваат одводните канали.  

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?