Пендаровски: Доколку Собранието не се состане, ќе се обратам до јавноста
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 18 Март, 2020
Шефот на државата, Стево Пендаровски на неговиот официјален Фејсбук профил објави дека имал информација дека предлогот на Владата за прогласување вонредна состојба се подготвува и треба да биде доставен до Собранието.
„Доколку Собранието не се состане, претседателот на Собрание ќе го проследи предлогот до мене по што ќе се обратам до јавноста“, најави Пендаровски.
Владата предлага да се прогласи вонредна состојба на тертиоријата на целата држава. Со оглед на тоа што Парламентот е распуштен, вонредната состојба која ќе трае 30 дена ќе ја прогласи престедателот Стево Пендаровски.
Во Македонија има 35 заразени со Ковид 19.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.