Пендаровски-Ердоган: Солидарност и сојузништво за справувањето со коронавирусот
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 09 Април, 2020
Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска оствари телефонски разговор со претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган.
За време на разговорот, претседателот Пендаровски, во име на граѓаните на Република Северна Македонија и во свое лично име, изрази благодарност до претседателот Ердоган за медицинската опрема, во скафандери, маски и тестови којашто пристигна од Турција, додавајќи дека сојузништвото и солидарноста меѓу државите се важни во овие тешки денови кога на глобално ниво заеднички се справуваат со епидемијата на COVID-19.
Истовремено, претседателот Пендаровски изрази солидарност и поддршка за Турција во напорите за справување со COVID-19 со оглед на тоа дека Турција е меѓу десетте најпогодени земји со близу 40 000 инфицирани и над 800 починати лица. Во тој контекст упати сочувство за починатите и посака скорешно закрепнување на заболените со COVID-19.
Во врска со состојбата во земјава во справувањето со епидемијата на COVID-19 и отстранувањето на последиците од истата, претседателот Пендаровски го информираше претседателот Ердоган дека ситуацијата е стабилна, меѓу останатото и заради фактот дека Северна Македонија меѓу првите земји во регионот ги започна активностите за справување со пандемијата. Во овој контекст, претседателот Пендаровски додаде дека државата се подготвува за предизвиците со кои се очекува да се соочи економијата по надминувањето на пандемијата, потенцирајќи ја притоа важноста на силните економски врски меѓу двете држави.
Двајцата претседатели изразија задоволство од одличните билатерални односи, а претседателот Пендаровски му се заблагодари на претседателот Ердоган за долгорочната и значајна поддршка од страна на Турција за остварување на една од нашите стратешки цели – членството во НАТО, каде досегашното партнерство ќе продолжи во нов контекст меѓу две членки на Алијансата.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.