Пендаровски ги охрабри граѓаните да даруваат крв
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 11 Април, 2020
Претседателот на државата, Стево Пендаровски ги охрабри граѓаните да даруваат крв.
„Велат крвта е најдрагоцената течност за човечкиот живот, а крводарувањето е најголем чин на солидарност. Даваме дел од себе, за да спасиме нечиј живот. Дарувањето крв, и во овие вонредни околности, се одвива во безбедни и строго контролирани услови“, пиува Пендаровски на Фејсбук.
Ги повика граѓаните да покажат хуманост сега кога тоа е потребно.