ПЕНДАРОВСКИ И Г.Г. СТЕФАН НА ЗАЕДНИЧКА МАСА - кои ќе бидат следните чекори на МПЦ по признавањето на каноничноста
Објавено во: Македонија 13 Мај, 2022 09:16
Претседателот Стево Пендаровски го примил поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, митрополит скопски, архиепископ охридски и македонски и на Јустинијана Прима, г.г. Стефан, соопшти кабинетот на шефот на државата.
„На средбата се разговараше за актуелностите поврзани со решавањето на статусот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија и надминувањето на црковниот спор. Претседателот Пендаровски уште еднаш изрази честитки за признавањето на каноничноста на нашата црква од страна на Вселенската Патријаршија, со што се отвора просторот за градење на духовно единство со православниот свет и го оцени чинот како признание за нејзиниот историски континуитет со древната Охридска Архиепископија.
Поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, митрополит скопски, архиепископ охридски и македонски и на Јустинијана Прима, г.г. Стефан го информираше претседателот Пендаровски за наредните чекори во процесот на целосно заокружување на автокефалноста на Македонската Православна Црква - Охридска Архиепископија, за што и двајцата соговорници се согласија дека е од врвен национален интерес“, се вели во соопштението.
Можеби ќе ве интересира
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот
ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми




