20 Декември, 2025
0.0599

Пендаровски: Не сакаме во НАТО за да бидеме закана за некого

Објавено во: Македонија 15 Април, 2018 11:20

Добивај вести на Viber

Стево Пендаровски, Националниот координатор за НАТО, посочува дека Македонија и кого ќе влезе во Алијансата ќе води мирољубива политика и нема да биде закана за никоја земја. Ова, е особено важно по тензиите кои настанаа откако МНР протера руски дипломат во знак на солидарност со Велика Британија и западните сојузници по наводното труење со нервен гас на пребеганиот руски шпион Скрипал и неговата ќерка. Тогаш руската амбасада како и руското МНР посочи дека ќе следи соодветен одговор, а ако Македонија стане членка на НАТО тогаш ќе биде легитимна цел.

Ние го одбравме тој пат многу одамна, значи многу пред да дојдат тие изјави не само од амбасадорот, туку и од нивното Министерство за надворешни работи кое од време на време излегува со формулации, кои јас мислам дека содржат реторика која не помага да се подобрат билатералните односи меѓу двете држави. Една од тие изјави, сигурно ја паметите, беше дека во случај кога би влегла во НАТО, Македонија би била легитимна цел. Легитимна цел сте само кога претставувате закана за некоја држава, инаку, зошто би биле легитимна цел за Руската Федерација? Јас, и целокупното раководство тоа го тврди, и сите разумни луѓе и целокупната експертска заедница која сака реално да гледа на целиот комплекс прашања, велам дека Македонија ниту денес, кога не е членка на НАТО, ниту утре кога ќе биде членка, не е закана за Руската Федерација. Ние не сме закана за ниеден од нашите соседи и во една реченица тоа да го сумирам, ние не сакаме да влеземе во НАТО за да бидеме закана за некого надвор од нашите граници. Ние имаме цел сет причини зошто сакаме да бидеме дел од таа Алијанса и зошто сакаме да бидеме дел од ЕУ. Не за да бидеме закана за некого, туку за да бидеме дел од една организација, каде што членките споделуваат вредности. Тоа е една извикана категорија која луѓето мислат дека е апстракција, а не е“, вели Пендаровски во неделното интервју за РСЕ.

Пендаровски смета дека НАТО не е единствена опција за Македонија, но е најдобра од сите алтернативи. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки