Пендаровски: Продолжува вонредната состојба во траење од 14 дена
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 15 Мај, 2020
Шефот на државата, Стево Пендаровски по седницата на советот за безбедност изјави дека се продолжува вонредната состојба во траење од 14 дена.
Вели дека на овој начин Владата со уредби ќе овозможи нормално функционирање.
„Траењето на вонредната состојба од 14 дена нема ама баш никаква корелација со одржувањето на избори“, рече претседателот.
Нова вонредна состојба како што објасни е потребна за да се справиме со економските ефекти.
Бара од Владата да размисли за постепено намалување на рестрикциите во однос на движењето на граѓаните и работата на стопанството.
Вели дека од оваа криза сите ќе научиме лекции.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.