Пендаровски со порака до оние кои поминуваат низ пеколот на болеста и до новата Влада
Објавено во: Македонија 02 Август, 2020
Претседателот на државата, Стево Пендаровски во Пелинце изјави дека македонските граѓани се обединети околу човечковите права, слобода, демократија.
Вели дека пандемијата се заканува целосно да го промени нашиот начин на живот.
Кажа дека е ограничено патувањето и социјализацијата.
„Оттуѓувањето кое го однесе оваа криза, сериозно ја загрозува нашата меѓусебна солидарност, со оние кои поминуваат низ пеколот на болеста и оние кои ги изгубија своите работни места“, рече претседателот.
Вели дека мора да обезбедиме социјална правда, и да ја поттикнеме економската активност.
Пендаровски вели дека граѓаните се разочарани, затоа што сите не сме еднакви пред законот.
Порача дека мора да се бориме со криминалот и високата корупција, и рече дека новата Влада ќе има една нова задача, затоа што беа кажани тешки квалификации во кампањата.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.