Пендаровски: Здравството ќе се смени од корен, ќе му служи на народот
Објавено во: Македонија 01 Декември, 2016 17:21
Носителот на кандидаткста листа на СДСМ и коалицијата во ИЕ 1, Стево Пендаровски во текот на предизборните активности посочи дека состојбата со здравствениот систем во Република Македонија е алармантна и најави сет мерки за подобрување на здравството.
- Во однос на комплетно новиот здравствен систем кој го предлагаме, основната вредност од која се води коалицијата предводена од СДСМ е граѓанинот, односно луѓето кои живеат во Република Македонија да добијат најбрза и најдобра здравствена заштита. За нас секој човек е важен, а за секој човек е најважно здравјето, рече Пендаровски.
Пендаровски вели дека во првите шест месеци на новата Влада, просечната плата на здравствените работници ќе биде покачена за 15 проценти во однос на ова што е сега, а до крајот на мандатот на новата Влада предводена од СДСМ, платите ќе бидат двојно поголеми од сегашниот износ.
- На чело на здравствените установи ќе бидат поставени професионалци, луѓе со интегритет, кои нема да примаат нарачки од партиски штабови, туку ќе работат согласно принципите на струката. Комисијата за третман на болните деца во странство ќе биде комплетно реорганизирана, и ќе биде поставена на сосема други основи. Ќе биде брза и мобилна и сигурно нема да прима инструкции од партиските штабови кое дете треба да биде однесено во странство и на кое дете треба да му биде платена операцијата, посочи Пендаровски.
Според него, институциите се партизирани, сметките на здравствените установи во најголем дел се блокирани или тонат во долгови и практично тие не си ја вршат својата основна задача да ги лекуваат луѓето и да им пружаат навремена здравствена заштита.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




