19 Декември, 2025
0.0380

ПЕНЕ, РИГАТОНИ и ФУСИЛИ, новите типови макарони од Атлантик го освојуваат домашниот пазар

Објавено во: Мои пари 19 Септември, 2022 15:43

Добивај вести на Viber

Нови производи во портфолиото на компанијата „Атлантик“. По успехот постигнат со првите брендови тестенини, компанијата во продажба пласира нови продукти. 

Со гордост и задоволство сакам да ве информирам дека компанијата Атлантик дооел од Скопје започна со производство на макарони, кои со својот одличен квалитет им конкурираат на светски познатите брендови. За само една година, брендот MARCELLA стана препознатлив за македонската јавност со тестенините со јајца, кои моментално се најпродавани по единица на пазарот, Марчела тарана со јајца, презла и гриз. Во моментов нашите производи се продаваат во сите големи синџири супермаркети и во над 2.000 продажни објекти во Македонија. Ние произведуваме и посебни пакувања за одредени трговски ланци во земјата - посочува Перица Спировски, менаџер за продажба при „Аталантик“.

Од компанијата истакнуваат дека по успешното лансирање на Marcella јуфките, решиле да го прошириат портфолиото со Макарони од типот:  ПЕНЕ, РИГАТОНИ и ФУСИЛИ. 

Макароните Marcella се произведени од висококвалитетен гриз TIP-400 во строго контролиран производствен процес со HACCP, ISO 22000:2005 стандарди. Истите се пакуваат со најсофистицирани машини за пакување за кои оваа година дополнително инвестирале. 

Покрај класичните макарони, сакам да напоменам дека ние сме и единствената македонска компанија која произведува интегрални макарони без никакви дополнителни нечистотии или адитиви. Овој вид макарони е наменет за луѓе кои имаат дигестивни проблеми, проблеми со шеќерот во крвта и за спортисти. Нашата фабрика се наоѓа во Скопје, се простира на површина од 1000 метри квадратни и има капацитет од 3000 килограми дневно, капацитет кој не позиционира како најголемиот производител на тестенини во Македонија - посочува Спировски.

Тој дополнува дека компанијата се грижи квалитетот и пакувањето да бидат совршени бидејќи нашите граѓани заслужуваат македонски производ со светски квалитет. 

- Очекуваме македонските пазари и македонските граѓани да го поддржат домашното производство - за крај истакна Спировски.

ПР Објава

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии