Пензии да се носат на домашна адреса, бара Општина Куманово
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 06 Април, 2020
Општина Куманово бара пензиите да се носат на домашна адреса.
Од Општинскиот кризен штаб бараат за потребите на Угрентен Центар да обезбеди дополнително возило за транспорт на пациенти.
Да обезбеди специјално возило (цистерна) со распрскувачи за вршење на дезинфекција на јавните површини на територија на Општина Куманово, бидејќи капацитетите со кои располага ЈП „Чистота и зеленило“- Куманово не се доволни за секојдневна и целосна дезинфекција на градот.
„Бараме да донесе одлука за средства кои се исплаќаат во вид на социјална помош и пензии да бидат исплаќани преку ЈП „Македонски пошти“ и други субјекти кои имаат можност за таков сервис дирекно до граѓаните како би се надминал постојаниот метеж пред банките и другите услужни установи кои вршат шалтерска исплата и услуга, бидејќи при вакви услуги евидентно не се почитуваат препораките на Владата од страна на граѓаните“, информираат оттаму.
Куманово викендов беше во карантин.
Сега истите мерки кои важеа за Куманово, од среда ќе важаѕт на територија на цела Македонија.
Во земјава има 570 заразени.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.