ПЕНЗИИ: Koлку од приходите одвојуваат за живот во скапата Швајцарија?
Објавено во: Финансии 05 Декември, 2017 08:53
Во Швајцарија e потребно да се осигурa финансиската стабилност до 2030 година, но граѓаните ја отфрлиле на неодамнешниот референдум.
Швајцарскиот пензиски систем е сличен со хрватскиот. Се состои од три столба: задолжителен државен, задолжителен приватен и доброволен приватен. Заеднички столбовите ја даваат вкупната пензија.
Разликата во однос на хрватскиот систем е во нивото на придонес, како и во третманот на различните видови придонеси. Од задолжителниот државен столб швајцарските пензионери денеска примаат загарантирана пензија која се движи од 1.175 до 2.250 франци, а со пензијата што ја примаат од вториот столб целта е да се постигнат од 50 до 70 проценти од вкупните претходни примања, истакнуваат од банката УБС. Просечната швајцарска плата се движи околу 6.000 франци. И во Хрватска, првиот столб се финансира од сегашни придонеси, односно сега вработените ги финансираат пензиите на денешните пензионери. Вториот и третиот столб капитализираат низ времето, односно претставуваат лична заштеда која се зголемува низ годините за да почне да се исплатува со одењето во пензија. За разлика од Хрватска, во Швајцарија приходите од првиот столб делумно се дополнуваат со приходите од данокот на додадена вредност.
„На швајцарските пензионери им е добро“- објавуваат од тамошната банка УБС, споредувајќи ја ситуацијата во која се наоѓаат пензионерите од Швајцарија со оние во некои други земји.
Аналитичарите на банката тврдат дека благодарение на начинот на кој е поставен швајцарскиот пензиски систем, просечна 50-годишна Швајцарка може да одвојува многу помалку од нејзините приходи во споредба со нејзини врсници во Лондон, Њујорк или Токио, така што еден ден би имала основен животен стандард.
Според нивните пресметки, човек денеска мора да одвои 11 проценти од месечните приходи за да го одржи животниот стандард и по пензионирањето. Со таквите услови пензијата би требало да изнесува 48 проценти од раните приходи, што е доволно за нормален живот дури и во Швајцарија.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Миноски: Инфлацијата ја прави прекумерната владина потрошувачка, а не потрошувачите
Се продолжува работниот век! Германија ја усвои реформата на пензискиот систем, Франција ја блокираше постапката
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција





