Пензионерите ја поздравија иницијативата за бесплатно скијање во Маврово
Објавено во: Мои пари 04 Јануари, 2014 12:00
Сојузот на здруженија на пензионерите на Македонија ја поздрави иницијативата на ски-центарот „Заре Лазаревски“ – Маврово за бесплатни карти за скијање за пензионерите, сметајќи дека е убава поволност која пензионерите што спортуваат со задоволство ќе ја искористат.
- Сојузот на здруженија на пензионерите на Македонија цени дека ова е убава можност за сите пензионери кои се активни во зимските спортови. Како и секаде во светот, така и во Република Македонија, има многу пензионери кои активно спортуваат, па дури и за време на зимата, практикувајќи го белиот спорт. Како највозрасни граѓани, сметаме дека заслужуваме вакви и слични поволности во насока на подобрување на нашиот живот во третото животно доба, соопшти Сојузот во дописот до медиумите.
Можеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете




