16 Јануари, 2025
0.0345

Пепси и Бијонсе во нов креативен глобален поход

Објавено во: Мои пари 12 Април, 2013

Добивај вести на Viber

Креативната соработка, заеднички развиена од светски познатата пејачка Бијонсе и брендот Пепси, започна преку специјална дигитална премиера на линкот www.youtube.com/pepsi, емитувана во повеќе од 70 земји ширум светот. Бијонсе и Пепси го започнаа своето врвно патување низ патеката на славните, со цел да ја почувствуваат возбудата на сегашниот момент во нова глобална рекламна кампања. Глобалното партнерство е следниот чекор во духот на Пепси кампањата „Живеј ја сегашноста“ чие заштитно лице е Бијонсе. Таа своевидно претставува темелник на пробивањето на брендот преку глобална музичка стратегија која поддржува појава на музички ѕвезди, икони на денешницата, кои ги обезбедува со вистински светски достигнувања, поддршка при промоција, како и иновативни ресурси.  -Нема артист кој го отсликува мотото “Живеј ја сегашноста“ подобро од Бијонсе. Таа е вистински трендсетер и епицентар на поп културата денес. Сметаме дека не можевме да избереме покреативен партнер кој би ги имал истите заеднички визии за животот со нашите. Додека оваа реклама е првата фаза на нашата сеопфатна соработка, истовремено развиваме нови начини да ги вклучиме и фановите во претстојната турнеја на Бијонсе генерирајќи нови, кул и креативни активности и содржини, изјави Бред Џејкмен, Извршен директор на Пепси Ко групацијата. Спотот посветен на глобалното партнерство на пејачката и Пепси наречен „Mirrors“ (Огледала) е еден од првите креативни елементи на заедничката соработка на Бијонсе и Пепси. Тој го отсликува откритието на Бијонсе дека сите искуства и личности кои ги имала во својата кариера и помогнале да стане она што е сега, слично како и приказната на “Grown Woman”- совршено визуелно отелотворување на етиката на брендот Пепси “Живеј ја сегашноста“. -Навистина се забавував соработувајќи со Пепси на оваа кампања. Имав прилика да ги оживеам некои од моите омилени карактери и изгледи од минатото. За првпат после многу години видов некои од тие костими и беше навистина емотивно“, вели Бијонсе. “Се гордеам со тие моменти, и сите тие се поврзани на одреден начин, при што ми помогнаа да станам она што сум денес“, - додава познатата пејачка. Бијонсе и Пепси имаат долгогодишна соработка, која вклучува легендарни интернационални кампањи, во кои се има појавувано покрај Џенифер Лопез, Дејвид Бекам, Пинк и Бритни Спирс.  

Можеби ќе ве интересира

Точни податоци за силна енергетика: Меморандум меѓу Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини и Заводот за статистика

Точни податоци за силна енергетика: Меморандум меѓу Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини и Заводот за статистика

„Колку е часот?“ е весел помошник на децата при учењето да го читаат времето

„Колку е часот?“ е весел помошник на децата при учењето да го читаат времето

Стокомак ја започнува новата кампања “15 дена, 15 производи со 15 отсто намалување”!

Стокомак ја започнува новата кампања “15 дена, 15 производи со 15 отсто намалување”!

Групацијата 4iG во партнерство со Ериксон ќе ја развива идната 5G мрежа во Албанија

Групацијата 4iG во партнерство со Ериксон ќе ја развива идната 5G мрежа во Албанија

Се отвора нова dm дрогерија во ТЦ ,,K Mall“!

Се отвора нова dm дрогерија во ТЦ ,,K Mall“!

Samsung Electronics ги претстави новите soundbar – звучници на CES 2025

Samsung Electronics ги претстави новите soundbar – звучници на CES 2025

„Лесја Украинка“: Осуда на изјавите на Костадин Костадинов за „бугарска Бесарабија “ - манипулации кои се во спротивност со меѓународното право

„Лесја Украинка“: Осуда на изјавите на Костадин Костадинов за „бугарска Бесарабија “ - манипулации кои се во спротивност со меѓународното право

ЛУНДРИМ МЕХМЕДИ ГО ОСВОИ ПРЕМИУМ ЏЕКПОТОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА

ЛУНДРИМ МЕХМЕДИ ГО ОСВОИ ПРЕМИУМ ЏЕКПОТОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА

Samsung Neo QLED и Lifestyle телевизорите добија сертификат „EyeCare Circadian“ од VDE

Samsung Neo QLED и Lifestyle телевизорите добија сертификат „EyeCare Circadian“ од VDE