„ПЕРИМЕТАР ДО 2.000 МЕТРИ СО ЈАСЕН ПРОТОКОЛ, ПРЕГЛЕД ЗА ЖИТЕЛИТЕ НА ТРУБАРЕВО“: Филипче побара преземање на чекори по пожарот во Трубарево
Објавено во: Македонија 14 Септември, 2025 14:21
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче преку социјалните мрежи побара власта да преземе итни чекори, а со цел справување со последиците од пожарот во Трубарево. Според него, состојбата по вчерашниот пожар во Трубарево е сериозна и бара итна, координирана реакција на институциите.
„Граѓаните имаат право да знаат што дишат и што внесуваат во организмот, но и да бидат заштитени од државата. Тоа е нивно основно човеково право, а должност на институциите е да им го обезбедат. Одговорноста не е само во гасењето на пожарот, туку и во справувањето со последиците, кои може да бидат долгорочни“, вели Филипче.
Тој побара да се преземат неколку чекори, со став дека зоната од 400 метри е недоволна.
„Затоа, јавно барам следниве конкретни чекори:
Прво, да се овозможи медицински преглед за сите жители во и околу Трубарево, особено за оние кои биле директно изложени на чадот и токсичните гасови.
Второ, да се направат лабораториски анализи на воздухот, почвата и водата – со јасен фокус на диоксини, тешки метали и HF остатоци. И не само тоа – туку тие резултати да бидат транспарентно објавени.
Трето, мора да се обезбеди и психолошка поддршка – за жителите, за пожарникарите, за сите што беа на лице место. Не можеме како држава да ги оставиме сами со траумата.
Дополнително сметам дека зоната од 400 метри е недоволна, апелирам да се воспостави зона од 500 до 2.000 метри во која ќе има јасен протокол: затворање на училишта ако е потребно, дистрибуција на маски, ограничување на движење, и активирање на систем за јавно предупредување со СМС-пораки и локални медиуми. Тоа се минимални стандардни мерки во ситуации со можен ризик од загадување.
Очекувам и мобилни мерни станици кои ќе мерат загадување во реално време, особено по правците на ветерот.
Исто така, потребно е долгорочно да се следи квалитетот на почвата и водата, да се обезбедат препораки до населението, дали смеат да користат земјоделски производи, дали е потребна дезинфекција на јавни површини, што можат сами да преземат.
За крај, потребна е целосна истрага за тоа што се случи, зошто немало контрола, каде затаиле протоколите и кој ќе понесе одговорност.
Наместо конфузни изјави и политички спинови, луѓето очекуваат одговори и решенија“, рече Филипче.
Можеби ќе ве интересира
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот
ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми
УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата
МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење
СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема
УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето
Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје




