17 Декември, 2025
0.0801

Пешевски: Добро е младите од дијаспората да извадат македонски пасоши и да доаѓаат почесто во родната земја

Објавено во: Економија 27 Јули, 2013 16:02

Добивај вести на Viber

Врската со дијаспората не смее да се изгуби, порача вицепремиерот за економски прашања, Владимир Пешевски, на Четвртата Годишна конференција на Обединетата македонска дијаспора, пренесува МИА. Cпоред него, за Македонија е добро тоа што поголем број млади луѓе од втората или третата генерација иселници доаѓаат во земјата на нивните корени, а со тоа имаат можност да видат што се случува во Македонија која се менува, а некои од нив да препознаат и можност за бизнис инвестиција покрај за туризам. Просечниот македонски граѓанин смета дека македонската дијаспора дека треба да помогне, да донира, да дојде овде и да отвора нови работна места. Тоа, според Пешевски, е добро да се случува, но сепак пристапот треба да биде малку поинаков. - Мора да се препознае можноста дека во Македонија може да се направи подобро. Тоа доколку го видите е одлично. Но, она што може да да се направи реално е поголем број од вас да земат македонски пасоши, поголем број од вас да инсиситираат кај помладите генерации да земат македонски пасош, да доаѓаат и да ја посетуваат Македонија. Тоа ќе биде повеќе од доволно. Улогата на дијаспората за опстанокот на Македонија во идните години ќе биде се поголема. Односите помеѓу етничките заедници во Македонија се менуваат. Бројките се менуваат и многу ќе биде важно бројноста на Македонија и на Македонците да ја задржиме и ја растеме во годините што доаѓаат. Тоа ќе биде важно и за економските ефекти - истакна Пешевски. Тој посочи дека како Влада тоа ќе го помогнат, бидејќи што поголем број имаат пасоши и што поголем број ќе гласаат тоа ќе значи директна поддршка за економските политики што се спроведуваат во државата. Појасни дека оваа Влада се карактеризира со тоа што голем дел од нејзините членови доаѓаат од приватниот сектор, се едуцирани или работеле во странство и се обидува да функционира како западна компанија, која сака да помогне на сите инвеститори кои ќе дојдат во земјата. - Само на тој начин ќе имаме одржливи инвестиции и само на тој начин ќе помогнеме на нашата држава - потенцира Пешевски. Тој се осврна на успехот на земјата со владините координирани политики да се справи со предизвиците во економијата и во финансискиот сектор во услови на светската и финансиска економска криза. Во однос на стратегијата за привлекување странски инвестиции, подвлече, целта е да создадат што поповолна бизнис клима и укажа на постигнувањата на тој план потврдени и во извештаите Дуинг бизнис на Светска банка, која Македонија ја рангира на 23 место, најдобро од земјите во регионот, едно место зад Германија. Според него, кога се зборува за инвестициите не треба да се зборува само за странските, туку вкупно за реалните инвестиции кои ги вклучуваат и домашните и инвестициите на државата. - Во Македонија бруто нивото на инвестиции како ставка во БДП прв пат ја премина цифрата од една милијарда евра во 2006 година, а прв пат ја преминавме границата од две милијарди евра во 2011 година, цело време во владеењето на ВМРО-ДПМНЕ - рече Пешевски. Претседателот на Управниот одбор на ОМД, Никола Стојанов, истакна дека дијаспората сака да помогне и да инвестира во Македонија, а еден од начините се патриотски обврзници по примерот на Израел. Според претседателот на ОМД, Мето Колоски, проценката дека дијаспората годишно внесува 1,6 милијарди евра годишно, не е реална и проценува дека е таа поголема.

Можеби ќе ве интересира

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Откриено што ја чека германската економија

Откриено што ја чека германската економија

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас