05 Декември, 2025
0.0370

Пешевски преамбициозен: и Охис да се продаде, и сите вработени плата да земат!

Објавено во: Економија 27 Октомври, 2012 07:30

Добивај вести на Viber

Купувачот на ОХИС ќе ги наследи обврските за исплата на заостанатите плати и придонеси за здравствено осигурување на вработените. Ова го изјави вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски во одговор на пратеничкото прашање поставено од Тања Томиќ од СДСМ на вчерашната собраниска седница посветена на пратенички прашања. - Верувам дека доколку успее тендерот барем делумно за дел од овие проблеми ќе биде најдено решение. За цело време додека траат постапките за продажба на ОХИС имавме една цел не да го продадеме по што повисока цена, туку да задржиме што е можно поголем број вработени иако бевме свесни дека критериумот да се задржат што поголем број вработени или сите вработени во првите тендери сериозно ќе ја намали привлечноста на компанијата - нагласи Пешевски. Крајниот рок за доставување на понуди за купување на хемиската фабрика ОХИС истекува дури на 14. Ноември, но уште одсега станува јасно дека и овој деветти по ред тендер има мали шанси да успее. Заинтересирани повторно има, но инсистирањето на Владата на социјалниот пред економскиот момент, и понатаму ги одвраќа потенцијалните купувачи. Цената е и повеќе од симболична – само 14.000 евра за фабрика распослана на еден милион метри квадрати на неколку километри од центарот на Скопје. Освен неа, идниот сопственик треба да ги преземе и долговите од околу 20 милиони евра, но и тоа е прифатливо за купувачите, со оглед на цената по која можат да ја купат фабриката. Она што беше неприфатливо, а со последните два тендери е корегирано, е инсистирањето на работа да бидат задржани сите 800 вработени, кои се со просечна старост од над 55 години. Откако виде дека тоа е една од главните пречки, Владата дозволи новиот сопственик доколку успее да ги убеди работниците, да може да ги отпушти со одреден социјален пакет. Но, ова решение и понатаму е половично и во целост не ги задоволува барањата на купувачите. Спас од оваа ситуација, доколку пропадне и овој обид за продажба на ОХИС, е државата да им додели социјални пакети на вработените до пензионирање, а фабриката да ја продава без никаков терет. Вчерашното барање на Пешевски, да се платат платите не е ништо ново, туку е само континуитет на сите досегашни тендери. На последниот завршен тендер, се пријави само една фирма од Бугарија, но нејзина дејност е градежништвото. Поради тоа, Министерството за економија ја отфрли понудата и реши ОХИС повторно да оди на нов тендер. Остана нејасно само зошто се прави нов обид, ако воопшто нема промена на условите за продажба, кои и на деветтиот тендер останаа исти како и на осмиот.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември

Oва се земји каде трошоците растат, а квалитетот на живот е загрозен

Oва се земји каде трошоците растат, а квалитетот на живот е загрозен

Хрватска е поскапа од Тоскана и Прованса, туристите се шокирани од цените

Хрватска е поскапа од Тоскана и Прованса, туристите се шокирани од цените

Димитриеска-Кочоска: Нема задолжување надвор од предвидените за годинава

Димитриеска-Кочоска: Нема задолжување надвор од предвидените за годинава