05 Декември, 2025
0.0387

Пешевски: Земјоделството е еден од клучните сектори за Владата

Објавено во: Агробизнис 03 Октомври, 2013 20:10

Добивај вести на Viber

Со цел да се запознае со проблемите на земјоделците, вицепремиерот за економски прашања, Владимир Пешевски го посети Куманово. По средбата со претставниците на министерството Агенцијата за развој и поддршка на земјоделството во овој реон, тој изјави дека земјоделството е еден од клучните сектори во кои вложува неговата Влада, но и сектор каде што расте конкуренцијата постојано. Државните субвенции, рече Пешевски, помагаат за раст на конкурентноста на нашето  земјоделство, а посетата во кумановско ја оцени како многу позитивна. „Голем број сугестии беа дадени за подобрување на системите, како во делот за олеснување на условите за земјоделците полесно да аплицираат, така и во делот полесно да се доделува државното земјоделско земјиште. Разговаравме и за подобрување на условите за работење во самата подрачна единица, бидејќи сепак тоа е место каде што земјоделците реално имаат контакт со државата“, посочи Пешевски. Според него има простор за уште подобрувања,  а додаде тој, конкурентноста на македонските производи е добра, но доколку не се преземаат чекори во таа насока,ќе заостанеме зад светот. Но иднина надлежните ќе работат на подобрување на состојбите за користење современи агротехнички мерки, во делот за наводнување на земјиштето, но и кај сертифицираниот семенски материјал, додава тој. „После многу децении каде што земјоделците беа ставени на маргините на општеството, за прв пат се ставаат да бидат нешто што е најцененето бидејќи земјоделството е една од најтешките работи“, рече Пешевски.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?