21 Мај, 2024
0.0305

Пет болести од кои не штити кафето

Објавено во: Стил 02 Април, 2015

Добивај вести на Viber

Кофеинот може и да е непријател на здравјето, но само во случај на злоупотреба. Инаку кафето има многубројни придобивки за организмот и тоа докажани!

Не барајте извинување за уште една шолја кафе, а со гордо крената глава подгответе си чаша мирис, исполнет со корисни материи.

Пиењето кафе помага за спречување на разни заболувања. Болести кои може лесно да ги држите подалеку од себе само со пиење на чаша-две кафе на ден:

Алцхајмеровата болест

Алцхајмеровата болест е една од најпознатите инвазивни невродегенеративни заболувања во светот. Таа е најчеста причина за деменција.

Истражувањето спроведено на Универзитетот во Финска покажало дека луѓето кои консумираат редовно по 2-3 шолји кафе на ден, имаат до 65% помал ризик од развој на Алцхајмерова болест, отколку оние кои не го прават тоа.

Содржината на кофеин ја потиснува акумулацијата на амилоидни плаки и јазли во мозокот кои се двете главни карактеристики на Алцхајмерова болест.

Рак на кожата

Според анкетата спроведена од страна на Националниот институт за рак во САД, пиењето на 4 шолји кафе на ден може да го намали ризикот од најтешкиот вид рак на кожата - малиген меланом.

Депресија

Ризикот од депресија може да биде намален драматично ако пиеме редовно кафе. Тоа го сметаат истражувачите. Истражувањето спроведено врз 50 000 жени на возраст помеѓу 35 и 50 години покажало дека ризикот од депресија се намалува за 15% благодарение на кафето.

Дијабетес

Дијабетес од типот 2 сочинува меѓу 90 и 95% од случаите на дијабетес кај возрасните воопшто.

Ќе дадеме пример од направена голема студија која опфаќа околу 450 000 луѓе. Заклучоците од истражувањето се дека и во овие случаи кафето може да е добар лек за превенцијата.

Секојдневно пиење на само една чаша кафе помага за намалување на ризикот на дијабетес од типот 2. Кафето, хлорогеновата киселина и кофеинот се главните состојки на кафето. Миксот на овие три работи го прави кафето исклучително корисно против дијабетис.

Прерана смрт

Точно е дека смртта не е болест, туку едноставно фатален крај. Но сепак можеме да се обидеме да направиме нешто за да ја одложиме максимално. Ризикот од раната смрт може да биде намалена за 10 до 15% со пиењето на 2-3 шолји кафе на ден.

Доказите за ова тврдење се извадени од друго детално истражување, спроведено врз 400 000 Американци на возраст меѓу 50 и 70 години.

Научниците потврдуваат дека антиоксидантите во кафето, го штитат организмот од слободните радикали.

Можеби ќе ве интересира

Игор Џамбазов со емотивна порака: „И двајцата си заминаа на овој ден. Ги има во моите книги, во моите песни, во моите секојдневни муабети, во моите мисли“

Игор Џамбазов со емотивна порака: „И двајцата си заминаа на овој ден. Ги има во моите книги, во моите песни, во моите секојдневни муабети, во моите мисли“