Пет медали за каратистите на „Макпетрол“ на турнирот „Кроација опен“

Објавено во: Мои пари 23 Јануари, 2023
Две златни, две сребрени и еден бронзено одличје освоија членовите на скопски „Макпетрол“ на меѓународниот карате турнир „Кроација опен“ што викендов се одржа во Самобор, Хрватска. На силното интернационално натпреварување учествуваа 1.800 каратисти од 25 држави, односно 292 клуба.
- На турнирот настапивме со 10 каратисти. Ова натпреварување е главна контрола за возрасните категории на кадети, јуниори и постари јуниори (У21). Терминот за одржување е секогаш непосредно пред официјалното европско првенство за овие возрасни категории. Најголем број национални репрезентации последните свои проверки ги прават токму на овој натпревар. Планот за учество на нашиот младински тим беше да се направи контрола на спортската форма на репрезентативците кои треба да настапат на европското првенство што од трети до петти февруари ќе се одржи во Ларнака, Кипар - изјави Петар Заборски, тренерот на „Макпетрол“
Aктуелните светски вицешампиони Витомир Трајковски (-84 кг.) и Стефан Стојановиќ (+84 кг.), се пласираа во финалето во своите категории. Трајковски со пет последователни победи освои злато, а Стојановиќ се закити со сребро. Во истата возрасна категорија, постари јуниори, Викторија Јовановска (-61 кг.) освои бронзен медал.
Кај помладите возрасни категории, јуниорката Јована Мицовска (-59 кг.) преку одлични борби стигна до злато, додека Димитар Лозановски загуби во финалето и освои сребро.
ПР објава* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2023 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.
Можеби ќе ве интересира
Неверојатен звук и совршено аудио искуство со уредите од Samsung Galaxy екосистемот

Отворена рекреативна патека во Крива Паланка – проект кој на форум го избраа жителите на општината

Промовирана книгата „Природна нега за вашето дете“ од Вики Андонова

Клиника Жан Митрев додели 80 ваучери за бесплатни педијатриски прегледи за новородечињата од Општина Центар

Специјал Градба продолжува со инвестирање во туристичкиот развој на Крушево

Важна информација за патниците на Меѓународниот аеродром Скопје поврзана со одржувањето на Министерски совет на ОБСЕ во Скопје

A1 Македонија со новогодишна промоција и подароци за сите корисници на Мојот А1
