16 Декември, 2025
0.0527

Пет милиони евра кауција за Кондоминас – ќе ги смени ли плановите за бизнис во Македонија?

Објавено во: Балкан 16 Јануари, 2014 10:18

Добивај вести на Viber

Пет милиони евра кауција ќе треба да плати грчкиот бизнисмен Димитрис Кондоминас за да се брани од слобода. За Кондоминас, сопственик на приватната грчка телевизија „Алфа“, е издаден налог за апсење за вмешаност во скандалот со сомнителните кредити што поранешната грчка Поштенска банка им ги доделувала на локални бизнисмени. Кондоминас и натаму не е приведен, бидејќи минатата недела кога беше издаден налогот за апсење тој беше на лекување во болница. Тој се уште се наоѓа на клиниката, каде го чува силно полициско обезбедување. Во меѓувреме, на сопственикот на „Алфа“ му е забрането да ја напушти земјата. Уште 29 лица се обвинети во рамки на истрагата за сомнителни кредити, а меѓу нив има и поранешни менаџери на банката. Полицијата ги сомничи дека на банката и предизвикале загуба од 500 милиони евра. Грчката Поштенска банка минатата година се обедини со „Евробанк“ во рамки на програмата за реструктуирање на банкарскиот сектор во Грција. Кондоминас во својата земја важи за контроверзен и мистериозен бизнисимен, а е познат и во Македонија како сопственик на голем плац на централниот плоштад во Скопје каде треба да гради хотел. “Транспаренси Македонија” тврди дека тој е вклучен во корупцискиот скандал за “Дојче телеком”, во 2011 година. Грчкиот бизнисмен имаше и земјиште кај хотелот “Александар палас”, каде што требаше да гради трговски и бизнис центaр, но идејата пропадна бидејќи голем дел од земјиштето беше вратено со денационализација, па подоцна парите за земјиштето му беа вратени. Грчките медиуми пак, неговите инвестиции во Македонија ги коментираа како политички обид на тогашната грчка власт, за промена на македонскиот став за спорот за името. Повеќе за активностите на Кондоминас во Македонија на следниот линк: За Димитрис Кондоминас и неговите македонски бизниси: Скопје 2014 ќе остане недоизградено?

Можеби ќе ве интересира

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството