05 Декември, 2025
0.1499

Пет милиони евра за хидромелиоративни системи во Тиквешко

Објавено во: Агробизнис 06 Август, 2013 14:55

Добивај вести на Viber

За изградба на нови хидромелиоративни системи и за рехабилитација на постојната мрежа за наводнување во Тиквешко државата ќе инвестира 5 милиони евра.

Реализирањето на инвестицијата е превидено во наредните пет години и со тоа, како што најави денеска заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Зоран Коњановски, над 3.000 хектари земјоделско земјиште ќе добијат услови за наводнување.

- Развојот на земјоделството е нераскинливо поврзан со развојот на системите за наводнување. За таа цел како Влада изминативе години обрнуваме посебно внимание на овој сегмент. Инвестираме во изградбата на нови системи и брани за наводнување на замјоделско земјиште, како и во санација и рехабилитација на постојните системи, рече Коњановски по пуштањето во употреба на пумпната станица „Сува Гора” со која ќе се наводнуваат дополнителни 200 хетари.

Месноста „Сува Гора” се наоѓа меѓу селата Бегниште и Ресава. Вкупната инвестиција е околу 16 милиони денари. Средствата се обезбедени од Фондот за води, од Министерството за земјоделство и од водостопанството “Тиквеш“.

- Изминатиот период инвестиравме во речиси сите системи за наводнување. Но, свесни за климатските промени и нивното влијание врз културите, воедно земајќи ги превид анализите за тоа кои од нив ќе бидат најзагрозени, ќе продолжиме со вложувања во овој регион, нагласи Коњановски.

Тој апелираше земјоделците да ја трошат водата за наводнување рационално, да ги одржуваат системите за наводнување  и да размислуваат за монтажа на системи капка по капка.

- За жал, многу често мрежата за наводнување намерно се оштетува, а тоа подоцна создава сериозен проблем за поголема група земјоделци, рече Коњановски.

За значењето на наводнувањето во земјоделството и придобивките од секоја можност за наводнување, зборуваа и директорот на водостопанството „Тиквеш“ Љубе Димов, како и градоначалникот на Кавадарци Александар Панов. Димов нагласи дека „Сува Гора” е смело решение со кое, додаде Панов, се остварува уште едно предизборно ветување

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?