21 Мај, 2024
0.0254

Пет намирници во фрижидерот, кои предизвикуваат рак!

Објавено во: Стил 02 Април, 2015

Добивај вести на Viber

Треба да се научиме да живееме поздраво и да престанеме да се храниме со производи кои имаат рок на траење со години. Речиси ништо што има трајност до 2017 година не може да е корисно за организмот.

1. Газираните пијалоци Газираните пијалоци и претежно оние кои според етикетата се без шеќер, се толку штетни што канцерогените клетки буквално се хранат од нив.

Аспартамот- еден од најчестите вештачки засладувачи, предизвикува голем број болести, вклучувајќи вродени малформации и рак. Сукралоза (Sucralose, Splenda или Е955) е релативно нов, Огноотпорен, силен засладувач, кој во последно време се користи се почесто во правење на многу пијалоци и прехранбени производи. Тој исто така е поврзан со развојот на клетките на ракот.

2. Колбаси

Како натриум нитрит, така и натриум нитрат, кои се содржат во преработените месни производи, можат значително да го зголемат ризикот од рак. Конзерванси и огромни количества сол - ова се само дел од другите работи кои апсорбираат кога конзумираме вакумирани меса. Споредбата која научниците ја прават е дека ако еден човек секој ден јаде топол хот дог или хамбургер, ќе живее 20 години помалку. Ова е далеку поопасно отколку ако пуши, но е вегетаријанец. Експертите препорачуваат да купуваме само месо, за чие потекло сме сигурни.

3. Рибата од рибник

Рибата од одгледувачница е друга храна која може да го стимулира развојот на клетките на ракот. Според д-р Дејвид Карпентер - директор на Институтот за здравје и животна средина на Универзитетот во Албани, во култивираниата риба недостасува не само витамин D, но и многу често таа е загадена со канцерогени хемикалии, ПХБ (полихлорирани бифенили), пестициди и антибиотици. Истата констатација важи и за кокошки кои се одгледани во фармите. Пилешкото е исклучително корисно месо, но ако самото пилешко е одгледано на слобода и се храни со природна храна,  како баба ни што го чува на село.

4. Хидрогенизирани масти

Другиот голем убиец се хидрогенизирани масти, кои најчесто се користат во преработените храни, бидејќи го зголемуваат вкусот на квалитетот и ги прават подолготрајни. Често се мешаат со трансмасти од животинско потекло, но се далеку штетни од нив. Хидгрогенираните масти ја менуваат структурата на клеточните мембрани и се одговорни за многу видови на рак. Кога јадете  кроасани или чоколадни засладени намирници и почувствувате дека нешто ви застанува помеѓу непцето и забите, можете да бидете сигурни дека сте на овој тип на масти кои масовно се користат како замена на какао путер во чоколадните производи и на кравјото масло во лиснатото.

5. Пуканки

Пуканките исто така влегуваат во листата на канцерогена храна. Всушност самите пуканки не предизвикуваат рак. Штетата доаѓа од торбичките, во кои се продаваат и „пукнаат“. Тие се направени од исклучително штетни канцерогени хемикалии кои водат не само до неплодност, но и до рак. Не смееме да заборавиме и за чипсот, кој содржи акриламид - најопаснота канцерогена супстанца содржана во пати над дозволената доза во божемскиот помфрит. Може и да не е вест за вас, но чипсот не се прави од вистински компири. Состојки како ориз, пченица, пченка и компирни снегулки се мешаат за да се добие тесто кое се оформува во калапи, во добро познатата форма. Потоа се пржи во врело масло, се сушат , а во финалето се засладуваат со различни зачини.

Можеби ќе ве интересира

Игор Џамбазов со емотивна порака: „И двајцата си заминаа на овој ден. Ги има во моите книги, во моите песни, во моите секојдневни муабети, во моите мисли“

Игор Џамбазов со емотивна порака: „И двајцата си заминаа на овој ден. Ги има во моите книги, во моите песни, во моите секојдневни муабети, во моите мисли“