28 Ноември, 2024
0.0669

ПЕТ ТЕШКИ ГОДИНИ ЗА ГЕРМАНИЈА, БАНКРОТИРААТ ГИГАНТИ: На списокот и Гери Вебер, Век-Глејзер, и 300 години старата месарница Рорс

Објавено во: Економија 29 Јули, 2023

Добивај вести на Viber

Бројот на несолвентните компании во Германија повторно расте. Само во првите шест месеци од годинава кредитното биро Кредитреформ регистрира над 8.400 фирми во стечај. Повеќе од 3.500 луѓе во Германија останаа без работа во само неколку добри компании, и тоа само во последните неколку месеци. Повеќето од овие компании работат во Германија со години, а некои дури и со децении. Вкупно, околу 800 филијали беа затворени низ целата земја.

- Огромното финансиско оптоварување поради високите цени на енергијата и материјалите го покажува својот ефект. По години на опаѓање на несолвентноста, трендот сега е обратен, рече директорот за економски истражувања во Kreditreform Patrik-Ludvig Hanč.

Најсвеж пример за стечај е сопственикот на „Пепко“, поради што холдингот кој поседува 72 отсто од „Пепко“ реши да го ликвидира. Пред нив банкрот прогласија и Шлемермаер, модниот синџир Гери Вебер, Алгајер, Век-Глејзер, Орсеј, Прајмарк, Данкварт (Себамед), месарот Елба... И сите имаа финансиски проблеми и три клучни фатални проблеми: инфлација, недостаток на работна сила и пад на побарувачката.

Пепко во стечај

Европскиот ланец на продавници за облека и домашни производи Пепко би можел да се најде во големи проблеми, пренесува Јутарњи лист. Повикувајќи се на пишувањето на чешкиот портал iDNES наведуваат дека акционерите на Steinhoff International, компанија која поседува дури 72 отсто од акциите, решиле да ја ликвидираат компанијата бидејќи сопственикот банкротирал.

Гери Вебер банкротира

Овој моден ланец во последниот период од своето работење се соочи со големи финансиски тешкотии. Најавија дека ќе затворат 122 од 171 експозитура, а дел од работниците ќе бидат отпуштени.

Ќе бидат укинати околу 420 работни места. Како што е наведено, во иднина компанијата повеќе ќе се фокусира на големопродажба, како што беше случајот досега, рече првиот човек на компанијата.

Стечај на фирмата Алгајер

Според германските медиуми, судот во Гепинген и одредил привремен ресивер на компанијата Алгејер. Алгајер пред една година го презеде кинеската Вестрон груп, додека пред тоа главен акционер беше семејството на поранешниот претседател на одборот на директори Дитер Хунд.

Компанијата во ноември објави дека влегувањето на Вестрон груп ја врати финансиската стабилност, а што тргна наопаку во меѓувреме засега не е познато, тоа е само еден во низата банкротства во последните неколку дена.

Алгајер вообичаено има околу 1.700 вработени ширум светот кои беа шокирани од банкротот.

Стечај на компанијата Век-Глејзер

Иконската германска компанија поднесе барање за банкрот, потврдија челниците на компанијата за медиумите, но без конкретни причини и детали. Седиштето на оваа компанија е во Бон, каде што е отворена и стечајна постапка. Оваа компанија е на пазарот повеќе од 123 години.

Сепак, експертите не предвидуваат економско закрепнување на германската економија оваа година.

Подлегна и најстариот месар

Најстариот месар во северниот дел на Германија поднесе барање за стечај. Станува збор за месарот Рорс, кој е дел од Јорк од 1709 година. Јорк е гратче на левиот брег на Елба, во близина на Хамбург.

- Нашиот семеен месар работи повеќе од 300 години. Rohrs Butcher е дел од Јорк од 1709 година. Во Altes Land и пошироко, ние сме познати по широк спектар на производи, свежина, чистота, квалитет и услуга, се вели на веб-страницата на Rohrs Butcher.

ФОТО: YouTibe/Print Screen

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

СОБРАНИЕТО ВРАБОТУВА, СЕ БАРААТ ДУРИ 27 ЛИЦА, А ЌЕ ИМА И ПЛАТИ НАД 64 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ - етничка припадност веќе не се наведува, но еве што се бара

СОБРАНИЕТО ВРАБОТУВА, СЕ БАРААТ ДУРИ 27 ЛИЦА, А ЌЕ ИМА И ПЛАТИ НАД 64 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ - етничка припадност веќе не се наведува, но еве што се бара

Во која тетовска компанија директорот го зголеми бројот на негови акции за 85 отсто?

Во која тетовска компанија директорот го зголеми бројот на негови акции за 85 отсто?

КОШНИЦАТА СЕ КРЧКА, АМА ЗА МИНИМАЛЕЦОТ УШТЕ ЌЕ ПОЧЕКАМЕ – граѓаните скептични

КОШНИЦАТА СЕ КРЧКА, АМА ЗА МИНИМАЛЕЦОТ УШТЕ ЌЕ ПОЧЕКАМЕ – граѓаните скептични

КОНЕЧНО СЕ ЗНАЕ ЗОШТО СЕ РУШИ ХОТЕЛ ЈУГОСЛАВИЈА: На негово место ќе никне реномираниот Риц-Карлтон

КОНЕЧНО СЕ ЗНАЕ ЗОШТО СЕ РУШИ ХОТЕЛ ЈУГОСЛАВИЈА: На негово место ќе никне реномираниот Риц-Карлтон

ДОПРВА ЌЕ ИМА МНОГУ РАБОТА, ЕВЕ КАДЕ ЌЕ СЕ РАБОТИ НА АВТОПАТОТ КИЧЕВО- ОХРИД: Николоски со детали

ДОПРВА ЌЕ ИМА МНОГУ РАБОТА, ЕВЕ КАДЕ ЌЕ СЕ РАБОТИ НА АВТОПАТОТ КИЧЕВО- ОХРИД: Николоски со детали

ОВА МОРА ДА ГО ЗНАЕТЕ АКО ПЛАНИРАТЕ ОДНАПРЕД ДА ГО ПЛАТИТЕ ОДМОРОТ: Системот ETIAS ќе влијае на тоа

ОВА МОРА ДА ГО ЗНАЕТЕ АКО ПЛАНИРАТЕ ОДНАПРЕД ДА ГО ПЛАТИТЕ ОДМОРОТ: Системот ETIAS ќе влијае на тоа

СТАНОВИ ВО ГРЦИЈА ИМА И ПОЕВТИНИ ОТКОЛКУ ВО МАКЕДОНИЈА: Еве ги детално цените на недвижности во атрактивните места

СТАНОВИ ВО ГРЦИЈА ИМА И ПОЕВТИНИ ОТКОЛКУ ВО МАКЕДОНИЈА: Еве ги детално цените на недвижности во атрактивните места

ВОРЕН БАФЕТ ГО ПРОМЕНИ ТЕСТАМЕНТОТ: „Не сакам да создадам династија“

ВОРЕН БАФЕТ ГО ПРОМЕНИ ТЕСТАМЕНТОТ: „Не сакам да создадам династија“

ГЕРМАНИЈА НАЈАВИ КРЕДИТ ОД 24 МИЛИЈАРДИ ЕВРА: Ќе гради транспортна мрежа за водород

ГЕРМАНИЈА НАЈАВИ КРЕДИТ ОД 24 МИЛИЈАРДИ ЕВРА: Ќе гради транспортна мрежа за водород