Пет знаци дека сте го достигнале максимумот на работа
Објавено во: Финансии 04 Октомври, 2017
Кога сте почнале со работа сте биле воодушевени, а сега веќе не можете да се сетите кога сте имале некој предизвик.
Ова се знаци дека веќе сте го достигнале максимумот на работното место.
Вашиот шеф постојано има пофалби за вас, но нема конструктивни критики за тоа каде би можеле да се подобрите.
Сите, но не и шефот ви се обраќаат за помош.
Веќе не учите ништо ново. Нема прашање за кое немате одговор, ниту задача која не можете да ја решите.
Ако секој ден доаѓате на работа со чувство дека нешто ве ограничува, тогаш е време да барате нова работа.