19 Јануари, 2025
0.2025

ПЕТАР АРСОВСКИ: Скопје ќе ги одлучи изборите!

Објавено во: Македонија 24 Ноември, 2016

Добивај вести на Viber

Четвртата изборна едница ќе биде важна за политичко соочување на лидерите на двете најголеми партии, Никола Груевски на Вмро-Дпмне и Зоран Заев на СДСМ, но сепак првата изборна единица ќе биде клучен индикатор за расположението на гласачкото тело, вели за “Фактор“ политичкиот аналитичар Петар Арсовски. Според него изборните програми се одраз на сериознен пристап на една партија кон актуелни проблеми и понуда на решенија, но кај гласачите тие немаат пресудно значање за конечна одлука на денот на гласањето. 

Кампања на жестока реторика, обвинувања .. и програми ..

ФАКТОР: Каква изборна кампања од страна на партиите и коалициите може да се очекува до изборниот ден, каква реторика се очекува со оглед на тоа што дел од партиските лидер веќе изјавија дека ова ќе биде финална пресметка за Македонија ?

Арсовски: Мислам дека треба да се очекува кампања на високи тонови, со негативен предзнак.  Иако самите партии ќе се фокусираат на својата понуда, мислам дека сепак ќе доминираат нападите кон опонентите, најмногу поради високите тензии кои се постојано присутни во тек на политичката криза.  Истовремено, високиот влог за поголемиот дел од партиите ќе направат предизборниот период да биде тензичен и полн со пинг понг изјави и прес конференции

Фактор: Колку програмите на партиите можат да бидат одлучувачки за тоа кому граѓаните ќе го дадат гласот ?

Арсовски: Програмата на партиите, особено во предизборниот период, повеќе служи како алатка за имиџ одошто реална платформа.  Ретки се гласачите кои ги читаат и ги споредуваат програмите на партиите, а уште се поретки оние кои одлучуваат врз база на програмата.  Но, како показател за способноста и отчетноста генерално, програмите сеуште имаат централно место во предизборието.  Сепак, тие се повеќе индикатор на сериозноста и пристапот, а не на акционен план. Како што сме сведоци, поголемиот дел од партиите одат со конкретни и тергетирани понуди кон секоја целна група, а не со целата програма.

ФАКТОР: Според изборните позиции, клучната битка сега ќе се води во четвртата изборна единица. Дали навистиа и као изходот во оваа изборна единица би бил пресуден, и како се толку тоа што лидерот на Вмро Дпмне одлучи да ја води изборната битка токму во оваа изборна единица?

Арсовски: На овие избори големите партии ги соочија своите лидери во четвртата изборна единица, и таа ќе заземе значајно место во резултатите на изборите. Зоран Заев ,зашто Струмица ја смета за своја база, а Никола Груевски, на директно соочување со Заев.  Сепак, треба да се има предвид дека  првата изборна единица е поголем индикатор за општото расположение на електоратот одошто било кој друг регион.

ФАКТОР: Како се оценуваат кандидатските листи на партиите. СДСМ го внесе граѓанскиот скетор, активисти и професор. Од листите на Вмро Дпмне пак ги нема досегашните фронтмени , како Јанкуловска, Јанакиевски, Спасов?

Арсовски: Очигледно е дека СДСМ со листите се обидува да направи некаков исчекор и да ја зголеми својата гласачка база, и кај албанците, и кај неопределените.  позициите на изборните листи треба да се толкуваат во таа насока.  Кај ВМРО ДПМНЕ, мислам дека изостанокот на функционери за кои има активни истраги се сигнал дека тие се подготвени на некакви реформи, кадровски и политички.

ФАКТОР: Што по 11 декември? Дали овие избори ќе значат и крај на политичката криза?

Арсовски: Мислам не. Кризата е производ на процеси кои постјат од поодамна, и кои најверојатно ќе продолжат и после 11 декември.  Политичката нетолеранција, корупцијата и клиентелизмот, мешањето на партијата и државата, недопирливоста на избраните функционери, слободата на изразување и објективното известување, задолжувањето и непродуктивните расходи, дупките во буџетот и социјалните трансфери, ова се параметрите кои ќе одредат дали кризата ќе продолжи.  Изборите на овие параметри влијаат само транзиторно, привремено.


Можеби ќе ве интересира

ДОБРО ВИДЕТЕ КОЈ Е, ПРЕД НЕКОМУ ДА ОТВОРИТЕ ВРАТА - еве како напаѓал и крадел 26-годишен скопјанец

ДОБРО ВИДЕТЕ КОЈ Е, ПРЕД НЕКОМУ ДА ОТВОРИТЕ ВРАТА - еве како напаѓал и крадел 26-годишен скопјанец

МНОГУ ТАЖНА ВЕСТ: Почина 17 годишното дете кое настрада од струен удар додека се снимало на вагон од цистерна

МНОГУ ТАЖНА ВЕСТ: Почина 17 годишното дете кое настрада од струен удар додека се снимало на вагон од цистерна

МВР ЗАСЕГА СО ДОЗИРАНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА КРИМИНАЛНАТА ГРУПА ШТО ПРОДАВАЛА ДРОГА - ќе се поднесе кривична пријава против 14 лица

МВР ЗАСЕГА СО ДОЗИРАНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА КРИМИНАЛНАТА ГРУПА ШТО ПРОДАВАЛА ДРОГА - ќе се поднесе кривична пријава против 14 лица

„ОВОЈ ПРАЗНИК ПОЧНА ДА СЕ СЛАВИ КАКО ДРЖАВЕН И НЕРАБОТЕН ВО ВРЕМЕ НА ВЛАДАТА КОЈА ЈА ПРЕДВОДЕВ“ - се огласи Никола Груевски

„ОВОЈ ПРАЗНИК ПОЧНА ДА СЕ СЛАВИ КАКО ДРЖАВЕН И НЕРАБОТЕН ВО ВРЕМЕ НА ВЛАДАТА КОЈА ЈА ПРЕДВОДЕВ“ - се огласи Никола Груевски

„НЕ КОНЗУМИРАЈТЕ АЛКОХОЛ, ПРВО МАЛКУ РАЗГОЛЕТЕ ГО ТЕЛОТО“ - неколку совети за оние што ќе скокаат по крстот

„НЕ КОНЗУМИРАЈТЕ АЛКОХОЛ, ПРВО МАЛКУ РАЗГОЛЕТЕ ГО ТЕЛОТО“ - неколку совети за оние што ќе скокаат по крстот

СОПСТВЕНИЧКА НА ПОЗНАТ БУТИК ЗА МОДА ОБЈАВИ ФОТОГРАФИИ - „За инает ми го изгореа дуќанот и два стана“

СОПСТВЕНИЧКА НА ПОЗНАТ БУТИК ЗА МОДА ОБЈАВИ ФОТОГРАФИИ - „За инает ми го изгореа дуќанот и два стана“

ВАКА ИЗГЛЕДА НОЌНОТО СКИЈАЊЕ ВО СКИ-ЦЕНТАРОТ МИХАЈЛОВО - градоначалникот Јанчев со покана до туристите

ВАКА ИЗГЛЕДА НОЌНОТО СКИЈАЊЕ ВО СКИ-ЦЕНТАРОТ МИХАЈЛОВО - градоначалникот Јанчев со покана до туристите

МУ ГО ОГРАБИЛЕ АВТОМОБИЛОТ НА БУГАРСКИ ДРЖАВЈАНИН ВО СКОПЈЕ - осомничени се двајца скопјани, еве што му било одземено

МУ ГО ОГРАБИЛЕ АВТОМОБИЛОТ НА БУГАРСКИ ДРЖАВЈАНИН ВО СКОПЈЕ - осомничени се двајца скопјани, еве што му било одземено

ЕВЕ КАДЕ СЕ СЛИКАЛ ШТЕКЛИ ПРЕД ДА БИДЕ УАПСЕН - прошета многу локации, а не се ни обидуваше да се скрие од јавноста

ЕВЕ КАДЕ СЕ СЛИКАЛ ШТЕКЛИ ПРЕД ДА БИДЕ УАПСЕН - прошета многу локации, а не се ни обидуваше да се скрие од јавноста